5 знаци кои покажуваат дека вие сте проблемот во врската
Кога имате проблеми во врската, не е виновен само вашиот партнер, туку и вие. Имено, проблемите во врската никогаш не се развиваат поради една личност. Доколку врската е добра, тоа е заслуга на двајцата партнери. Доколку е лоша, тогаш повторно се одговорни двајцата партнери. Во продолжение погледнете ги знаците кои покажуваат дека можеби вие сте проблемот во вашата врска.
1. Несреќни сте со самите себе
Доколку сте несреќни во вашиот живот и не се чувствувате добро во своја кожа, тоа ќе има влијание и врз вашата врска. Сите нешта зависат едни од други. Доколку сте нервозни или гневни поради вашиот живот, тоа ќе има негативно влијание врз врската.
Совет: Обидете се да го промените вашиот живот заради себе и за да се чувствувате подобро. Исто така, добро е да размислите како му влијаете на партнерот со вашиот негативен став.
2. Умешно избегнувате разговор
Може да биде навистина заморно да молчите долго време после расправијата. Најверојатно ова го правите бидејќи сте гневни и сакате да го казните партнерот. Но, треба да престанете со тоа.
Совет: Најпрво обидете се да се смирите, па потоа најдете заедничко решение со партнерот. Сè е подобро отколку молчењето.
3. Му пререкувате на партнерот и за најмалите нешта
Кога сте повредени, веројатно веднаш помислувате дека партнерот сакал да ве повреди. Но пред да го донесете овој заклучок, размислете за намерите на партнерот. Дали тој намерно ги повредил вашите чувства? Најчесто, одговорот е не. Проблемот најверојатно настапил поради непромисленост или поради тоа што партнерот не ги знае вашите очекувања.
Совет: Доколку партнерот свесно ве повредува и навредува, тогаш треба да размислите и за прекинување на врската. Во љубовната врска нема простор за намерно повредување.
4. Не знаете да признаете дека не сте во право
Секој мора да преземе одговорност за своите грешки. Доколку често ги обвинувате другите, тоа е навистина лош знак. Во овој случај, вие најчесто верувате дека проблемот не е кај вас, но не заборавајте дека за конфликт секогаш се потребни двајца.
Совет: Наместо да се фокусирате на тоа кој е во право, насочете го вниманието кон барање решение. На овој начин ќе бидете среќен пар, токму како и што треба.
5. Не се држите до темата
Неретко кога се расправаат, партнерите почнуваат да набројуваат и други проблеми од минатото кои не се поврзани со сегашниот. Доколку го правите ова, тоа е причината што никогаш не наоѓате решение.
Совет: Дури и кога е навистина тешко, држете се до темата на разговор и најдете решение за сегашниот проблем. Минатото оставете го зад вас.
Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека имате проблем со довербата во врската.