Покрај тоа што служи за зацврстување на вашата фризура, за да го задржи обликот во текот на целиот ден, лакот за коса има и голем број други практични примени. Во продолжение следат неколку од нив.
rn

rnrn
За дупнати хулахопки
rnДоколку ви се дупнале хулахопките, а немате време да купите нов пар, испрскајте лак врз дупчето за да го спречите натамошното распарување на материјалот. Отприлика ќе издржат цел ден, а за разлика од лакот за нокти кој може да ја заврши истата работа, овој пат вашиот мал трик нема да се забележува.rn
За спречување бубачки и инсекти
rnМоже не е најзгодно решение, но доколку во близина немате нешто посоодветно, лакот за коса може да ви помогне да ги „средите“ бубачките и инсектите кои ве нападнале.rn
Да се ослободите од електрицитетот на облеката
rnАко во ваков случај користите лак за коса, бидете внимателни. Боцата држете ја што подалеку од телото и лесно прскајте ја облеката за да избегнете непријатни, лепливи ситуации.rn
За чистење на лакираните нокти
rnАко случајно со мастило или фломастер сте ги извалкале лакираните нокти, лакот за коса ќе ви помогне да ги исчистите дамките, без притоа да го оштетите маникирот. Испрскајте едно парче памук и нежно поминете ги ноктите.rn
За средување на веѓите
rnДевојките кои имаат малку погусти веѓи знаат дека тие му даваат помладешки изглед на лицето, но и дека понекогаш се проблематични за одржување. За секое влакно да дојде на своето место, испрскајте една четка за веѓи и зачешлајте ги веѓите.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
