Доколку имате навика да ги грицкате ноктите, тоа не е само знак дека сте под стрес, туку може да биде и генетски предизвикан проблем. Имено, според научниците, некои луѓе ја имаат наследено склоноста да развијат одредени однесувања кон телото, каде што спаѓа и грицкањето нокти или минување со прстите низ косата.rnrn
rnrnОвие однесувања најчесто се јавуваат кај луѓе во чии семејства има повеќе членови кај кои се забележани нарушувања на расположението и анксиозноста, па научниците веруваат дека овие навики можат да се поврзат со тоа.rnrnГрицкањето нокти е поврзано со анксиозноста, а луѓето кои ја имаат оваа навика всушност се обидуваат да го победат стресот, напнатоста или досадата. Често го прават ова кога се нервозни, кога им е здодевно, кога се осамени, па дури и кога се гладни.rnrnВо едно истражување учествувале 48 испитаници, од кои половина имале навика да ги грицкаат ноктите. Се покажало дека тие имале особини на перфекционисти, што значи дека не можат да се опуштат и да ги завршат работите со нормално темпо. Ако успеат да ги остварат целите, стануваат фрустрирани, нетрпеливи и незадоволни, па почнуваат со грицкање нокти за да се опуштат.rnrnСе претпоставува дека во емоционална смисла, грицкањето на ноктите може да биде како цицањето на палецот во детството. Ова може да биде самостојна навака, или поврзана со дефицит на внимание, кое може да води до бунтовничко однесување и чувство на анксиозност.rnrnВо овие ситуации, луѓето ѝ се препуштаат на навиката која носи олеснување и опуштање, но и низа проблеми. Имено, грицкањето нокти може да го влоши изгледот на вашите дланки, а може да се развие и инфекција околу просите. Ова може да предизвика и појава на брадавици и кожа околу ноктите, па дури и да се промени нивната боја. Поради ова, луѓето кои грицкаат нокти неретко се обидуваат да ги сокријат нивните дланки.rnrnДруга опасност што постои е предизвикувањето инфекција на непцето преку нечистотиите што се наоѓаат под ноктите. Исто така, со грицкањето нокти забите се трошат, а поради тоа се кршат полесно. Бидејќи некои луѓе не можат да се ослободат од навиката дури и кога се во друштво, може да дојде и до проблем со односите со луѓето, особено во работната околина.rnrnДобрите вести се тоа што ова е навика со која можете да се справите. Можете да најдете многу гелови и лакови за нокти со непријатен вкус кој ќе ве потсетува да ги извадите ноктите од устата. Кај малите деца, можете да ставете ракавици или чорапи на рацете.rnrnДоколку сепак е проблем со којшто не можете да се справите, најдобро е да побарате психолошка помош. На многумина им помага терапијата со професионалец. Сепак, најважно е да донесете цврста одлука дека еднаш засекогаш сакате да се ослободите од оваа лоша навика.rnrnПогледнете ги и начините за справување со грицкањето нокти.
Грда навика што е предизвикана од стрес и е тешка за искоренување
