13 години по матурирањето, откачените јунаци пак се собираат за да се присетат на лудите авантури од минатото… и да доживеат новиrnrn rnrn
Режија: Џон Хурвиц и Хејден ШлосбергrnrnУлоги: Џејсон Бигс, Алисон Хенигaн, Шон Вилијам Скот, Тара РидrnrnВреметраење: 113 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 6 април 2012rnrnЖанр: комедијаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn
rnАко лудо сте се смееле на претходните делови од „Американска пита“, насловот ќе биде доволен да ве натера да го изгледате и ова продолжение. А има и зошто! Случувањата на годишнината од матура на старото друштво се полни со хумор, па така оваа комедија значително отскокнува од останатите кои се снимаа во последниве неколку години, а на кои генерално им недостигаше токму овој елемент.rnrn13 години откога започнавме да ги следиме авантурите на групата пријатели од малото гратче во Мичиген, оригиналната екипа актери од првиот дел се собира на покрај езерото на годишнина од матура, во обид да поминат уште еден луд и незаборавен викенд како во старите добри времиња.
rn
rn
Приказна: За разлика од претходните делови на „Американска пита“, во овој следиме веќе возрасни луѓе кои влегуваат во зрелите години од животот. Џим е во брак со Мишел и имаат мало дете, исто како и Кевин и неговата сопруга, додека Оз има свое спортско шоу на телевизија и сериозна љубовна врска. Верувале или не, Стифлер се вработил во голема компанија, а Финч ги воодушевува сите со приказните за неговиот пат околу светот, но сè уште копнеејќи по Стифлеровата мајка.
Иако поминало долго време од нивната последна средба, кога ќе се сретнат во Ист Грејт Фолс, блискоста на дружината дава впечаток дека никогаш не се разделиле. Главната забава е закажана за крајот на викендот, а дотогаш ќе се среќаваат со старите љубови од средношколските денови (повторно со оригиналната екипа од првиот дел), ќе евоцираат спомени и ќе си раскажуваат за тоа кого каде го однел животот во изминатите години. Набргу ќе сфатат дека главната средношколска грижа да најдат девојка сега е заменета со проблемите кои ги носи животот на возрасните, како бракот, децата и кариерата.
И баш кога се чини дека тоа ќе биде уште една вообичаена годишнина од матура во која сè се врти околу спомените, се појавува Стифлер и започнуваат вистинските лудории. Тој, секако, сè уште не пораснал, па ќе му биде многу лесно да смисли нови финти со кои ќе прејде некој и уште полесно ќе се вклопи помеѓу денешните матуранти на забавите. За негова несреќа, во овој дел нема доволно „напалени“ тинејџери на кои тој ќе им помага да фатат девојка, но овој пат таа улога ќе ја одигра татко му на Џим, чија сопруга починала пред три години.

Нема да откриваме повеќе, туку ќе ве оставиме сами да ги изгледате смешните сцени со кои изобилува филмот.
Кога и како да го гледате: Не е важно кога ќе го гледате, туку важно е да го гледате во друштво. Целата приказна се врти околу лудориите на група пријатели, па разбирливо е дека вашето друштво е идеално за споделување на впечатоците од филмот и пред сè, смеата предизвикана од неговата содржина.

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.