6 начини на кои вашето его ве лаже
Со цел да се зачува, вашето его може да смисли разни причини и приказни. Во процесот на духовно будење, лесно е да ги забележите очигледните знаци. Но како што се зголемува вашата свесност, се зголемува и комплексноста на егото, па суптилните разлики стануваат потешки за забележување.
Следниве 6 „измами“ од вашето его можат да го забават вашиот личен развој. Свесноста е првиот чекор за ослободување од нив, па погледнете за кои станува збор.
1. Синдром на натрапник
Ова е психолошка состојба каде што личноста се чувствува како измамник. Во овој случај, личноста верува дека има повеќе вештини отколку што навистина е способна. Интересно е што оваа појава е навистина честа – истражување од 2011-та година открило дека 70% од луѓето го почувствувале ова во некој момент од животот.
Овој синдром е предизвикан од погрешно распределување на вредноста. Доколку вредноста е изградена околу интелигенција, перформанс на работа, вештини и слично, секоја закана за овие квалитети е закана и за илузијата што ја имате за себе. За да го надминете ова, важно е да разберете дека вашата вредност е различна од она што го правите.
2. Опсесија со иднината
Вистинското чувство на исполнетост е возможно само во сегашноста. Сепак, речиси сите ние го чекаме моментот кога сè ќе си дојде на своето место и кога сè ќе биде онака како што сакаме.
Грижата за иднината или чекањето надеж е начин егото да остане релевантно. Но не е само стравот она што го одржува егото. Мечтаењето за животот што го посакувате е исто штетно бидејќи создава отпор кон сегашниот момент. Егото ви дава лажно ветување за иднина каде што ќе постои среќа. Оваа „ветена земја“ ќе остане недостижна сè додека верувате дека е дестинација во иднината, наместо да уживате во самото постоење во сегашноста.
3. Страв од промена
Потребна е храброст за да направите значајна промена. Излегувањето од зоната на удобност е единствениот пат да созреете, а патот на духовниот развој е навистина неудобен. Кога ќе почнете да ги сфаќате илузиите на егото, тоа ќе дава отпор.
Најочигледниот вид на протест на егото е преку страв. Соочувањето со илузијата што ја имате за себе е навистина застрашувачка. Но наместо да биде причина за откажување, стравот е јасен знак дека ве очекува промена.
Не заборавајте, храброста не значи отсуство од страв. Храброста е да го чувствувате стравот, но сепак да делувате.
4. Самоограничување и смалување
На овој начин егото ви забранува целосно да се искажете додека комуницирате со другите и со светот. Ова само ја ограничува вашата слобода. Ве тера да се смалите и да се плашите дека со вашата најдобра верзија ќе ги навредите или повредите другите.
Додека нарцизмот и претераната самодоверба се егоцентрични, слободното искажување понекогаш е погрешно разбрано како преголема самодоверба. Клучната разлика е тоа што вистинското искажување доаѓа од вашето срце.
5. Чувство на духовна супериорност
Духовното его е можеби најлошиот трик. Како што се движите напред, постoи опасност вашата духовност да се претвори во интелектуален концепт. Преку овој процес вие создавате нова слика за себе и ново его под маската на духовното созревање.
Многу често духовното его предизвикува чувство на супериорност. Луѓето кои не се активни во потрагата на нивниот духовен развој почнувате да ги гледате како помалку вредни. Важно е да знаете дека секој од нас има лично патување со свои насоки. Духовноста не е начин да се вреднувате себеси и да се ставате над другите.
6. Споредување
За да се оддели и задржи, егото споредува. Оваа споредба е заснована на натпреварување и судење. Кога ќе знаете дека сите сме едно цело, нема потреба од споредување.
Кога споредувањето потекнува од инфериорноста или супериорноста, тоа е јасен знак дека е дело на егото. Спротивно од споредувањето е соработувањето. Ова е желба за сите ние, како колектив, да созрееме и да ја најдеме нашата среќа и внатрешен мир. Од оваа перспектива, можете да се поврзете со другите без да создавате растојание помеѓу вас.
Дознајте и што се случува со личноста чие его преовладува.