КАФЕ ПАУЗА

Парови во Зодијакот кои всушност не можат да се сакаат

Паровите во Зодијакот кои всушност не можат да се сакаат

Некои хороскопски знаци едноставно не можат да се поднесат едни со други. На почетокот на врската можеби нивните разлики или сличности ќе ги привлечат, но најчесто токму тие се причината за нејзиниот крај. Иако ова можеби не важи за сите, сепак, врските на следниве парови од Зодијакот најчесто се осудени на пропаст. Погледнете зошто.rnrnПаровите во Зодијакот кои всушност не можат да се сакаатrn

Девица и Близнаци

rnРеалистите и сонувачите ретко можат да најдат нешто заедничко, исто како и врската помеѓу Девица и Близнаци. Кога ќе настане криза и кога треба да се борат за врската, Девиците едноставно ќе си заминат и ќе ги остават Близнаците со скршено срце. Причината за ова е што Близнаците сакаат да живеат во нивната фантазија, а Девиците го преземаат целиот товар на врската.rn

Вага и Бик

rnОвие луѓе се силно поврзани и дури изгледа како да комуницираат телепатски. На почетокот ова е интересно, но со текот на времето нивната врска станува заглушувачка. Поради ова и Вагата и Бикот почнуваат да чувствуваат како да не се индивидуални, тука се дефинираат само преку врската. Најчесто, ова е причината за крај.rnrnПресудата обично е поради тврдоглавоста на Бикот и потребата на Вагата постојано да биде во право. Доколку добро се разбираат и познаваат, со текот на времето очекувањата и од двајцата стануваат преголеми, а ретко кога се исполнуваат.rn

Лав и Рак

rnДодека Раковите сакаат длабока, духовна и отворена врска, несигурноста на Лавот предизвикува немир, па оваа врска речиси никогаш нема да заврши добро.rnrnЛавовите се склони на екстремни промени во љубовта, и тоа од личности подготвени да му пружат љубов и внимание на партнерот, до личности кои се саркастични и кои го критикуваат партнерот дури и за најмалата ситница. Чувствителните Ракови го сфаќаат ова однесување премногу лично, па го вклучуваат нивниот одбранбен механизам кој најчесто ја труе врската.rn

Јарец и Водолија

rnИ двата знаци се тврдоглави и упорни. Иако најчесто се привлекуваат поради ова, токму тоа е и причината за крајот на врската.rnrnДодека Јарците делуваат според чувствата, Водолиите се попрактични. Со текот на времето Водолиите стануваат „шефот“ во врската, додека Јарците мораат да се борат за својата положба. Овој однос предизвикува незадоволство и кај двајцата, па врската најчесто завршува со бурно раскинување.rn

Стрелец и Рак

rnРаковите веруваат дека спасението е во трпеливоста, додека Стрелците се подготвени за нови авантури и предизвици. Мирот на Раковите им предизвикува немир на Стрелците, а со текот на времето ова ќе предизвика проблеми.rnrnСтрелците сакаат промени и секогаш пробуваат нешто ново во животот и врската. Од друга страна, промените што ги доживуваат Раковите остануваат незабележани бидејќи тие имаат свои погледи според кои се водат.rnrnСтрелците најголема важност ѝ придаваат на сексуалната врска со партнерот, а на Ракот на прво место му се емоциите. На крај, оваа разлика ќе пресуди за нивната врска.rn

Скорпија и Риби

rnОваа врска е осудена на пропаст бидејќи и двата знаци се емотивни, а истовремено премногу сомнителни еден кон друг. Скорпиите не знаат добро да ја покажат љубовта кон Рибите, кои пак се водат низ животот според нивните емоции.rnrnСпротивните карактеристики кои на почетокот ја предизвикале страста полека ќе станат она што ќе ја уништи врската. На Рибите им е потребна слобода која Скорпиите можат да им ја одземат со нивните сомнежи.rnrnПогледнете и кои се најсовршените парови во целиот Зодијак.