Како 15-минутното пешачење на ден може целосно да ви го смени телото?
Сите знаат колку е важна редовната физичка активност за телото, и колку е добра за менталното здравје. Сепак, повеќето луѓе прават сè што е во нивната моќ за да ги избегнат сите видови спорт.
„Никој од нас не може да избега од староста. Тоа е законот на животот на Земјата. Но, секој од нас може да го одложи стареењето. И на 70 години можеме да изгледаме како да имаме 50, а да се чувствуваме како да имаме 20. Исто така, вежбањето може да ни го продолжи животот од 3 до 7 години. Тоа е најдобриот антидепресив и значајно ги подобрува когнитивните функции. Физичката активност значајно ја забавува деменцијата“, вели професорот Сања Шарма.
Па, што ќе се случи ако шетате само 15-тина минути на ден? Прочитајте во продолжение…
1. Намалување на ризикот од дијабетес
2. Намалување на ризикот од Алцхајмеровата болест
3. Нормализирање на крвниот притисок
4. Нормализирање на дигестивниот систем
5. Зајакнување на коските
6. Подобрување на когнитивните способности
7. Продолжување на животот
8. Подобрување на расположението
9. Подобрување на имунитетот
Доколку постојано барате изговори и оправдувања зошто не можете да издвоите време за шетање, тогаш обидете се да го смените тоа со помош на овие совети:
1. Ако користите градски превоз, симнете се неколку станици порано и пешачете до работа
2. Ако користите автомобил, паркирајте подалеку од вашата работа
3. Посвојте кученце и шетајте го секојдневно
4. Кога сте на работа, наоѓајте време за истегнување и почесто станувајте да прошетате (по кафе, по вода…)
Кога ќе ги створите овие навики, и самите ќе почнете повеќе да се движите. Ако сакате да пробате и нешто ново, што науката строго го препорачува за добро здравје, за време на пролетта и летото одете боси по трева. Научно е докажано дека одењето боси по трева го лечи нарушувањето на сонот, ја намалува хроничната болка во мускулите, ја зголемува енергијата и расположението, го намалува стресот, го зајакнува имуниот систем, го нормализира срцевиот ритам и го нормализира нивото на гликоза кај личностите со дијабетес.