Можеби никогаш не ви паднало на ум да ја посетите оваа земја. Но, Непал има многу природни богатства и има толку многу за истражување – од планински пејзажи, до мали села по ридовите. Без разлика кај сте во оваа држава, погледот сигурно ќе биде неверојатен.rnrn
rnrnДруга причина за да ја посетите оваа земја е тоа што сè, од автобуските карти до храната е многу евтино. Се разбира, овде е и богатата историја на Непал како и бројните древни храмови. Историјата на Непал се протега низ илјадници години.rn
Кога да го посетите Непал?
rn
rnrnТајмингот е клучен кога планирате некое патување. Во кој период ќе одите, зависи од тоа што сакате да правите и да видите во земјата.rnrnОктомври – декември: Иако во овој период е студено, во овие месеци ќе сведочите на најубавите погледи кон планините.rnrnЈануари – почеток на март: Ова се најстудените месеци од годината, но погледот на планините сè уште е прекрасен.rnrnСредина на март – почеток на јуни: Времето е прекрасно во овој период, но за жал големата влажност на воздухот ќе ви го ограничи уживањето во пејзажите.rnrnЈуни – август: Ова е сезона на монсуни, па времето е топло, влажно и врнежливо.rn
Што да понесете кога ќе одите во Непал?
rn
rnrnИ овде зависи од тоа што сакате да правите. Ако сакате да планинарите, понесете опрема но и топла облека. Ако само сакате да шетате по градовите и селата, опремата за планинарење може воопшто да не ви треба. Се разбира, секогаш носете удобна облека.rn
Како да најдете евтино сместување?
rn
rnrnВо Непал можете да најдете многу евтини хостели и соби, ако знаете каде да барате. На Airbnb можете да најдете сместување за 10-тина евра од вечер. Ако патувате со некој друг, можете да изнајмите соба во некој хостел, чии цени се околу 20-тина евра за вечер. Сепак, хотелите со 4 и 5 ѕвездички се многу поскапи. Имајте на ум дека нема да најдете сместување од Airbnb во секој град во Непал, но евтините хостели се насекаде.rn
Каква е храната во Непал?
rn
rnrnХраната во Непал е многу вкусна. Бидејќи Хинду луѓето не јадат месо, ова ќе биде совршен одмор за вегетаријанците. Речиси секој ресторан во Непал има идентично мени и може храната ќе ви стане здодевна. Но, сигурно ќе ви недостига кога ќе си заминете.rn
Ноќен живот
rn
rnrnВо Катманду и Покара има добар ноќен живот. Но, ако престојувате во некое село или сте тргнале на планинарење, немојте да очекувајте да најдете место за забава. Дури и пиењето во соба е многу поскапо на планините отколку во градот.rnrnПродолжува на следната страница…rn
