Алкална вода што ќе ви помогне да ја контролирате рН вредноста на вашиот организам

Алкална вода што ќе ви помогне да ја контролирате рН вредноста на вашиот организам

Поради нездравата исхрана и лошите навики, многу луѓе ја зголемуваат киселоста на нивниот организам. Ова пак може да предизвика замор, главоболки, проблеми со варењето и ослабување на имунитетот. Иако нашиот организам се обидува да ја задржи својата оптимална рН вредност со чистење преку бубрезите, доколку забележите некои од симптомите, можете да си помогнете со консумирање алкална вода.

Алкална вода што ќе ви помогне да ја контролирате рН вредноста на вашиот организам

Алкалната вода е многу подобар избор од сода бикарбона. Имено, луѓето често користат сода бикарбона која пребрзо ја менува рН вредноста, но ова не трае долго.

Кај здравиот организам, рН вредноста на крвта изнесува помеѓу 7,35 и 7,45. Сепак, некои делови од телото имаат поразлична рН вредност, па не треба да претерувате и со намалување на киселоста на организмот.

Можете многу лесно да ја направите алкалната вода. Во 1,5 до 2 литри вода ставете парчиња од еден лимон со кора со органско потекло. Потоа додајте една лажица хималајска сол и оставете го пијалакот да отстои 8 до 12 часа. Наутро, пред појадок, испијте две чаши од алкалната вода, а пред спиење испијте една. Нема потреба да ја испиете целата вода во еден ден за да не претерате со внесувањето течности. Најдобро е да испиете околу половина или еден литар дневно.

Алкалната вода можете да ја пиете секој ден, особено во летните денови бидејќи е навистина освежувачка. Но можете да ја пиете и привремено, односно кога ќе почувствувате замор, проблеми со варењето и слично.

Оваа вода му помага на телото да ја врати рамнотежата на рН вредноста, а дејството трае подолго. Истовремено, алкалната вода ќе го спречи создавањето на камења во бубрезите и развојот на болестите кои се поврзани со здравјето на бубрезите.

Многубројни истражувања покажале дека оваа вода може да биде и превенција на некои видови рак, бидејќи клетките на рак се развиваат и растат во кисела средина. Истражувањата покажале дека тие не преживуваат во алкална вода. Покрај тоа, водата ќе го хидрира организмот.

Проверете ја рН вредноста на вашиот организам

Можете да ја проверите рН вредноста на вашиот организам и во вашиот дом, со помош на ленти кои ќе ги набавите во аптека или продавници за здрава храна. Овие ленти ја мерат рН вредноста во плунката или урината. На овој начин ќе го тестирате и влијанието на алкалната вода врз вашиот организам. Важно е да знаете дека вредноста во урината ќе се промени по неколку денови, но ќе добиете поточен резултат доколку ја мерите рН вредноста на вашата плунка.

Има неколку правила до кои треба да се придржувате кога го правите тестирањето.

  • Плунка: Имајте на ум дека врз рН вредноста на плунката, влијае сè што сте изеле или испие неодамна. Поради ова најдобро е да почекате барем два часа после оброкот. Прво неколку пати проголтајте ја плунката за да ја исплакнете усната празнина, а потоа ставете малку во лажица. Ставете ја лакмус лентата во плунката и добиената боја споредете ја со табелата што доаѓа со лентите.
  • Урина: Најдобро е да ја тестирате урината наутро пред да одите во тоалет. Имено, врз рН вредноста на урината влијае количеството вода што го имате испиено, како и одредени намирници кои создаваат киселини. Поради ова, нејзината рН вредност може да се менува. За да ја тестирате вашата урина, измокрете се во чаша, па во неа ставете ја лакмус лентата. Потоа споредете ја бојата на лентата со табелата.

Пробајте го и овој пијалак што ќе ви помогне да се справите со бактериите и киселоста во вашето тело.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар