Погледнете ја најголемата градина во Холандија со над 7 милиони шарени цветови

Погледнете ја најголемата градина во Холандија со над 7 милиони шарени цветови

Секоја година со доаѓањето на пролетта, една од најголемите цветни градини во светот ги отвора своите врати за посетителите. Протегајќи се на површина од 79 хектари, Кекеноф е спектакуларна градина лоцирана на југот во Холандија. Секоја година овде се садат околу 7 милиони цветови и ги покажуваат најдобрите цвеќари во државата.

Погледнете ја најголемата градина во Холандија со над 7 милиони шарени цветови

Овде ќе ги најдете познатите холандски лалиња од кои има над 800 изложени видови, но можете да најдете и многу други цвеќиња распоредени како шарени реки. Секоја година учествуваат над 100 кралски цвеќари, кои ги носат нивните најубави продукти. Ова ја прави градината не само неверојатно место за фотографирање, туку и начин да ја откриете извонредната цветна индустрија на Холандија.

Иако лалињата денес ги поврзуваме со Холандија, тие пристигнале во државата дури во 16-тиот век, благодарение на Отоманската империја. Нивната популарност се зголемила во 17-тиот век, за време на златната доба на Холандија.

Историјата на Кекеноф започнува пред стотици години, кога местото било користено за одгледување овошје и зеленчук од страна на готвачите и кујнските помошници на Жаклина од Баварија. Всушност, името Кекеноф би можело да се преведе како „кујнска градина“. Подоцна, во 1641-ва година бил додаден и замок, а во средината на 19-тиот век пејзажот бил дизајниран во стилот на англиските градини. Традицијата за изложување пролетни цвеќиња започнала во 1949-та година, кога 20 од водечките цвеќари во државата почнале да го користат земјиштето за да ги покажат нивните продукти.

Денес, од средината на март до средината на мај, посетителите од целиот свет доаѓаат за да им се восхитуваат на шарените цветови. Како една од најубавите градини во светот, Кекеноф гордо ја одржува холандската традиција во живот.

Погледнете ја најголемата градина во Холандија со над 7 милиони шарени цветови

Погледнете ја најголемата градина во Холандија со над 7 милиони шарени цветови

Погледнете ја најголемата градина во Холандија со над 7 милиони шарени цветови

Погледнете ја најголемата градина во Холандија со над 7 милиони шарени цветови

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар