Оваа мистериозна и пејзажна држава, лоцирана помеѓу Индија и Кина, беше затворена за туристи сè до 1974-та година. Иако денес границите се отворени, кралот се обидува да го ограничи бројот на туристи на многу разни начини. Бидејќи е познато дека тамошните луѓе се навистина среќни, погледнете кои се нивните традиции и забрани што придонесуваат за ова.rn
1. Телевизија и Интернет
rn
rnrnВо Бутан, Интернетот и телевизијата беа забранети до 1999-та година. Бидејќи е невозможно да се изолира целата држава од технолошкиот напредок, кралот решил да ја тргне забраната. Поради ова, Бутан е последната држава што почна да употребува телевизија.rn
2. Министерство за среќа
rn
rnrnСо цел да се погрижи за внатрешниот мир на луѓето, во 2008-ма година бил формиран Националниот комитет за среќа. Населението може да изјави дали е задоволно од животот или не. Покрај тоа, постои и Министерство за среќа, а истовремено се мери и бруто националната среќа. Квалитетот на животот е одреден со рамнотежата помеѓу финансиите и менталните вредности.rn
3. Нема бездомници
rn
rnrnВо Бутан нема личност што живее на улиците. Доколку некој го изгуби домот може да отиде кај кралот, кој пак ќе му даде парче земја каде што ќе може да изгради куќа и да одгледува зеленчук.rn
4. Бесплатно здравство
rn
rnrnСекој жител на Бутан има право на бесплатно здравство. Овде се применува и традиционална и класична медицина, и секој сам одредува како ќе се лекува.rn
5. Национален кодекс за облекување
rn
rnrnЖителите на Бутан носат традиционална облека. Мажите носат тешки туники до колена, а жените носат доли фустани. Статусот и социјалното ниво на личноста се идентификуваат со бојата на шалот што го носат преку левото рамо. Обичните луѓе носат бели шалови, а благородниците и свештениците жолти.rn
6. Забрана за пушење
rn
rnrnКралот на Бутан донел закон со кој се забранува одгледувањето, берењето и продавањето тутун. Овде е невозможно да купите тутун. Доколку туристите сакаат да носат цигари со нив, треба да ја соберат потребната документација и да платат голема казна.rn
7. Грижа за животните и природата
rn
rnrnДржавата е навистина загрижена за екологијата и природата, а жителите обрнуваат посебно внимание на садењето дрва. Во 2015-та година, Бутан постави светски рекорд кога луѓето засадија 50.000 дрва за само еден час.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
