КАФЕ ПАУЗА

14 факти за Бутан, државата со бесплатно здравство и без бездомници

rn

8. Кујна

rn14 факти за Бутан, државата со бесплатно здравство и без бездомнициrnrnПовеќето Бутанци се будисти. Бидејќи оваа религија учи почит за целиот животински свет, вегетаријанството овде е навистина често. Главното и основно јадење е оризот. Бидејќи обичниот ориз не може да расте на оваа надморска височина, луѓето одгледуваат црвен ориз кој е тврд и има чуден вкус. Чајот е еден од главните пијалаци, а најчесто се пие црн и зелен чај со сол, бибер и лажица путер.rn

9. Предизвикувачки туризам

rn14 факти за Бутан, државата со бесплатно здравство и без бездомнициrnrnИако денес Бутан е отворен за туристи, кралот не им дава пристап до целата држава. Можете да ја посетите државата само со група други туристи. Сите документи и визи се издаваат од една компанија назначена од државата. За да добиете дозвола, треба однапред да ги платите сите трошоци како лет, хотел, даноци, водичи, виза и осигурување.rnrnВо државата можете да патувате само со водич и никогаш нема да имате можност да шетате сами. Водичите нудат разни забавни програми за туристите, а еден ден чини околу 240 евра.rnrnИма само една авионска компанија што оперира со летови до и надвор од државата, а цените на хотелите се одредени од власта.rn

10. Традиција за наследство

rn14 факти за Бутан, државата со бесплатно здравство и без бездомнициrnrnВо Бутан жените се ценети и почитувани, а традицијата за наследство го докажува тоа. Целиот имот, како дом, добиток и земја го наследува најстарата ќерка, а не синот.rn

11. Екологијата е најважното нешто

rn14 факти за Бутан, државата со бесплатно здравство и без бездомнициrnrnДенес целиот свет е преокупиран со ознаката „био“, но во Бутан не се загрижени за овој проблем. Со закон е забрането да се увезуваат или користат какви било хемиски продукти. Па, сите продукти што ги користат жителите потекнуваат од државата и се целосно природни.rn

12. Свадбени традиции

rn14 факти за Бутан, државата со бесплатно здравство и без бездомнициrnrnНа жителите им е забрането да стапат во брак со странец и кралот прави сè што може за да ја зачува уникатноста и изолацијата од остатокот од светот.rnrnЗа време на свадбената церемонија, свештениците читаат мантри. Се верува дека овој процес им помага на младоженците да формираат силна ментална врска. Дури откако ќе се завршат сите неопходни ритуали, парот станува семејство. По правило, мажот доаѓа во домот на жената, а кога ќе заработи доволно пари, можат да се преселат во друга куќа.rn

13. Патишта

rn14 факти за Бутан, државата со бесплатно здравство и без бездомнициrnrnВо главниот град на Бутан, воопшто нема семафори, а ова не им претставува проблем на жителите. Сите знаци на патиштата се рачно нацртани.rn

14. Украсени домови

rn14 факти за Бутан, државата со бесплатно здравство и без бездомнициrnrnБутанците навистина сакаат да ги декорираат нивните куќи. Тие цртаат птици, животни и разни дезени на ѕидовите кои навистина изгледаат неверојатно.rnrnТрадиционалната куќа е мала градба со 3 ката. Приземјето е простор за чување животни, местото за живеење е на вториот кат, а на третиот се чува сено.rnrnИ покрај сите забрани и строги правила, Бутанците се навистина среќни и пријателски настроени. Исто така, туристите стануваат сè позаинтересирани за оваа изолирана држава. Дали и вие би сакале да ја посетите?rnrnПрочитајте ги и овие факти за Индија кои ќе ве натераат веднаш да ја посетите.