Љубопитноста е најважното нешто кај фотографирањето на Навид Барати. Без разлика дали фотографира пустини или ѕвезди, неговиот интерес за светот резултира со навистина интересни фотографии. Еден од најпознатите проекти на Навид е колекцијата фотографии наречена „Скриен град“.
Тој нè носи над улиците на Њујорк и во облакодерите кои гледаат кон метрополата под нив. Интересно е што фотографот го вклучува и одразот на градот на стаклата на облакодерите и навистина ни открива скриен свет.rn
„Малку забавно е да мислите дека овие одрази се некоја скриена димензија или паралелен универзум“, изјавил фотографот.
rnТој сосема случајно ги забележал одразите додека го посетувал неговиот прв облакодер во Менхетен.rn
„Ја подадов камерата од работ најдалеку што можам за да направам фотографија од облакодерот. Потоа ги погледнав фотографиите и бев воодушевен од одразот што го видов во прозорците на облакодерот. Тоа беше вистинско изненадување.“
rnОва откритие го инспирирано да фотографира повеќе локации и перспективи во градот.rn
„Многу луѓе мислат дека ги правам фотографиите со дрон или од хеликоптер или дека сум Човек-пајак, но сите се направени од врвот на зградите.“
rnПогледнете ги и најмоќните медиумски фотографии за оваа година.

