Иако сè уште не е лето, сончевите денови се овде. Па, нема потреба да ги чекате летните месеци за еден од најомилените модни детали на повеќето девојки. Сламените шешири веќе можете да ги забележите како дел од дневната комбинација на многу жени.rnrn
rnrnБидејќи оваа сезона се појавија во навистина многу бои, сламените шешири се идеален додаток за едноставната дневна комбинација, а особено добро изгледаат со долги бохо фустани. Сламените шешири се шармантни и практични и веднаш му додаваат гламур на вашиот изглед.rnrn
rnrnОваа сезона, шеширите се украсени и со свилени марами кои им даваат особена женственост и префинета нота. Па доколку сакате и најобичната комбинација да ја направите елегантна, инвестирајте во сламен шешир.rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете и како да изберете шешир според обликот на вашето лице.
Сламен шешир: Моден детаљ што го најавува летото
