Како што постојат алфа мажи, така постојат и алфа жени. Тие се совршени мајки, домаќинки и успешни деловни жени. Сепак, покрај сето тоа, тие имаат нешто што како магнет ги привлекува мажите, нешто што не може да се дефинира со зборови. Алфа жените припаѓаат на овие три знаци:
rn
Бик
rnЖената во знакот Бик е совршена домаќинка. Покрај тоа што е вешта во кујна, таа умее да го задоволи својот партнер и да споделува безгранична љубов со него. Нејзиниот дом е секогаш чист и во него владее хармонија и топлина. Покрај тоа, таа е успешна во својата професионална работа. Бидејќи има „фобија“ од сиромаштија, таа е вешта и знае како да заработи пари. Нема потреба да се спомнуваат нејзините привлечни облини. Таа е вистинска жена.rn
Вага
rnВагите се убавици, најубавите жени од сите знаци во хороскопот. Кога ќе ја видите, таа зрачи со убавина и колку и да сте лути, ќе ѝ простите. Не може да се пофали со вештини во домаќинство, но нејзината убавина е добар генетски материјал за наследство. Со своите добри манири, Вагата плени како божица која се симнала меѓу луѓето. За овие жени, вратата е секаде отворена. Тоа можеби не е праведно, но тие го можат тоа.rn
Лав
rnКако кај мажите, така и кај жените, Лавот е доминантна индивидуа. Нејзиниот изглед е фасцинантен, таа знае да го наметне своето мислење. За себе секогаш бира совршенство бидејќи и таа е совршена. Таа е кралица на модата, дури и кога не е совршена, наоѓа начин да се претстави како таква.
Можеби сакате да ги дознаете и 6-те хороскопски знаци со „незгоден“ карактер.

