КАФЕ ПАУЗА

4 неочекувани начини на кои заедничкото гледање серии може да ви ја зајакне врската

4 неочекувани начини на кои заедничкото гледање серии може да ви ја зајакне врската

Гледањето цела серија одеднаш си има добиено лоша репутација, најчесто бидејќи трошиме неколку часови, па дури и денови постојано гледајќи во екран. Не изгледа како најдобрата социјална активност, но доколку гледањето го испланирате со партнерот, тоа може да биде навистина забавно и романтично искуство.rnrn4 неочекувани начини на кои заедничкото гледање серии може да ви ја зајакне врскатаrnrnНаводно, експертите тврдат дека одвреме-навреме добро е да изгледате некоја серија со партнерот, бидејќи тоа ќе ве зближи. Дознајте како.rn

1. Ќе создадете заедничка удобна зона

rnКој не сака да изгледа ТВ серија, покриен со меко ќебе и облечен во најубавите пижами? Сега замислете си да го правите тоа со уште некој. Ќе бидете во целосно релаксирана состојба и тоа е сосема спротивно на дотерувањето за излегување во град. Да поканите некого да ви се придружи во таа состојба покажува дека ви е удобно со личноста, па самиот гест е навистина интимен. Поради атмосферата, напнатоста и стресот ќе се намалат и ќе создадете безбедно заедничко место.rn

2. Ќе се поврзете преку ликовите што ги сакате

rnГледањето ТВ серии може да ги зближи паровите, бидејќи им помага да формираат емоционална врска со ликовите од она што го гледаат. На почетокот можеби ќе немате многу заеднички пријатели, но со следењето на животите на некој лик од серија, ќе имате нешто заедничко. Кога ќе имате некој што ќе ја разбира вашата желба да гледате уште, ќе се зближите.rn

3. Ќе научите повеќе еден за друг

rnЗаедничкото гледање ви овозможува заедно да искусите нешто ново, или пак да си ги покажете омилените нешта. Доколку имате омилена серија од пред 20 години, а вашето момче не ја гледало, тоа ви дава можност да му покажете нешто ново. Ова е начин да внесете повеќе во вашиот заеднички свет. Заедно ќе се смеете, ќе плачете и ќе ги искусите задоволството и забавата.rn

4. Тоа е состанок без многу подготвување

rnБидејќи планирањето е лесно, гледањето серија со партнерот ќе ви помогне да поминете време заедно без целиот притисок. Исто така, дружењето покрај состаноците надвор ќе покаже дека вашата врска сепак е вистинска. Ова е добар знак за здрава врска, бидејќи можете да бидете заедно без потреба едниот да го забавува другиот. Доколку можете да бидете среќни заедно без потреба да правите нешто, тоа кажува дека ви е удобно во врската.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашата врска е навистина стабилна.