КАФЕ ПАУЗА

18 начини да престанете да се чувствувате осамено

18 начини да престанете да се чувствувате осамено

Written by

in

,

Иронијата е тоа што постојано се „поврзуваме“ со сè повеќе луѓе на социјалните мрежи, но истовремено се зголемува бројот на оние коишто се чувствуваат осамено. Иако можеби ја користиме технологијата за да го совладаме ова чувство, изгледа дека токму таа прави да се чувствуваме осамено. Доколку се чувствувате осамено, можете да направите неколку нешта што ќе ви помогнат да се справите со тоа.rnrn18 начини да престанете да се чувствувате осаменоrn

1. Практикувајте добрина кон себе

rnВо тешките моменти, важно е да си покажете добрина. Не ви е од помош да се обвинувате себеси за вашата осаменост. Па, ограничете ги негативните зборови, грижете се за себе и едноставно дозволете си да се одморите. Можеби прошетката во природа или ден поминат во спа центар ќе ви помогне да се расположите за да се грижите за себе.rn

2. Нагласете го сегашниот момент

rnКога се чувствувате добро за нешто, споделете го веднаш со другите. Јавете се на пријател или разговарајте со колегите. Не заборавајте дека позитивните вести не секогаш треба да бидат големи. Можеби денес сте се разбудиле на правилната страна од креветот и тоа прави да се чувствувате добро, па споделете го. Кога ги споделувате овие моменти, создавате мала конекција со луѓето, што ви помага да ја надминете осаменоста.rn

3. Поврзете се во реалниот живот

rnПоврзувањето во реалниот свет можеби не е лесно како порано. Често сме навикнати да ја употребуваме технологијата за тоа – полесно е и прифатено е од сите. Но ќе ја намалите вашата осаменост, доколку градите посилни врски во живо. Гледајте ги другите во очи, слушајте и целосно посветете ѝ се на личноста со којашто сте излегле.rn

4. Размислете како го минувате слободното време

rnКога сте осамени, најверојатно само сакате да се скриете од целиот свет. Некогаш пак, вашата предолга листа со обврски ве прави премногу изморени за излегување и социјализирање. Кога одлучувате секоја вечер да останете дома за да гледате нешто, само ја поттикнувате вашата осаменост. Па, наместо тоа, обидете се да ја искористите осаменоста како изговор да побарате некој пријател. Кога ќе побарате поддршка и ќе создавате сеќавања со другите, осаменоста ќе исчезне.rn

5. Правете повеќе нешта со други луѓе

rnАктивностите кои вклучуваат и други луѓе имаат позитивно влијание врз менталното здравје. Социјалните интеракции можат да ви го подобрат расположението и да ја намалат депресијата. Па, најдете начин да се движите околу повеќе луѓе.rn

6. Разговарајте со странци

rnЕдно истражување покажало дека и навидум тривијалните интеракции со странци, како краток разговор со келнерот, можат да ви помогнат да се справите со осаменоста и да се чувствувате поврзано. Па, не плашете се да поздравите некој странец или да започнете мал разговор со него.rn

7. Бидете активни онлајн

rnНаместо пасивно да сурфате на Интернет, можете да го искористите за активности кои бараат активно учество и од други луѓе. На пример, можете да играте друштвени игри, да разговарате за нешто што го сакате, да споделите некој совет на форум и слично. Со колку повеќе луѓе сте поврзани онлајн, толку полесно ќе се справите со самотијата.rn

8. Бидете искрени онлајн

rnСподелувањето на Интернет полека се претвори во фалење. Сите објавуваат за интересните нешта што ги направиле, новата храна што ја пробале или за неверојатната забава на којашто биле. Но зошто да не споделите мал дел од себе со другите? Можете да дадете некој совет, поддршка, да покажете сочувство. Како резултат, вашите онлајн врски сигурно ќе бидат подобри и ќе ве поддржуваат.rn

9. Престанете да се фокусирате само на себе

rnРечиси невозможно е денес да не помислите дека немате доволно. Постојано го следите напредокот на другите, гледате нереални стандарди за убавина и нормално е да чувствувате завист. Поради ова, постојано се фокусирате само на тоа колку не можете да се мерите со другите. Наместо да се фокусирате на она што можете да го имате, фокусирајте се на она што можете да го дадете. На овој начин ќе го тргнете фокусот од себе, ќе првите добро, а истовремено и ќе се чувствувате помалку осамено.rn

10. Престанете со негативните мисли

rnМожете постојано да размислувате што би направиле поразлично за да го спречите чувството на осаменост. Постојано размислувате за настаните, луѓето или причините бидејќи верувате дека тоа ќе ви помогне да се справите со нешто. За жал, на овој начин само останувате заглавени во вашите мисли, наместо да преземете нешто. За да им ставите крај на мислите, направете промена. Одете во теретана, излезете на ручек со пријател или направете што било друго што сметате дека ќе ви помогне.rn

11. Најдете нов восхит

rnКога се восхитувате на нешто, времето како да застанува и вие сте отворени за поврзување. Нешто навистина мало може да направи да се чувствувате неверојатно и да се видите на нов начин. Па, изложувајте се на нешта што ви предизвикуваат восхит.rn

12. Трошете пари на искуства

rnАко ги трошите сите пари на предмети, нема да можете да ги потрошите на искуства со другите. А изгледа дека трошењето пари на искуства е одлично за менталното здравје. Па бидете креативни и размислете што би можеле да направите со друштво. Можете да одите на дегустација на вино, на некоја забава, па дури и на кратко патување.rn

13. Обрнете внимание на важните нешта

rnОд помош ќе ви биде да се фокусирате на сегашноста. Што направило да се чувствувате осамено? Што прави да се чувствувате поврзано? Идентификувајте ги овие моменти за да можете да ја намалите осаменоста. Кога ќе знаете кои активности ве прават осамени, ќе можете да ги избегнувате.rn

14. Направете табла со визија

rnНа табла ставете слики или пораки за нештата што сакате да ги постигнете. Штом ќе откриете што ве прави помалку осамени и поврзани, ќе можете да создадете табла, листа или план за она што ќе го направите. Држете ја листата покрај вас за да знаете што треба да правите.rn

15. Грижете се за вашата мрежа

rnПонекогаш можете да се чувствувате осамено, дури и ако сте поврзани со многу луѓе. Па, одвреме-навреме би требало да закажете средба со нив. Обидете се да имате барем еден час социјална дружба неделно.rn

16. Вклучете се во онлајн група со луѓе со слични погледи како вашите

rnДенес можете да најдете групи за сечиј интерес – политика, готвење, спорт… Вклучувањето во ваква заедница ќе ви помогне да се чувствувате поврзано, дури и без интеракцијата во живо.rn

17. Волонтирајте

rnНа некои луѓе им е навистина тешко да најдат некој со којшто можат да се поврзат, па треба да најдат нови личности. Еден начин да го направите ова е да волонтирате. Само осигурете се дека ќе работите со други. Работењето на важен проблем со другите ќе ви помогне да ја намалите осаменоста.rn

18. Бидете добри кон себе

rnВажно е да си покажете сочувство кога ќе доживеете неуспех. Не заборавајте дека на сите им се случува ова, па нема потреба да се малтретирате, да се чувствувате виновно и да си го расипувате расположението. Наместо тоа, најдете начин да си покажете поддршка. На овој начин ќе ги воочите вашите грешки, ќе ја намалите осаменоста и следниот пат ќе завршите подобра работа.rnrnПогледнете и како да се справите со духовната осаменост.