Може ли кариесот на забите да предизвика смрт?

Може ли кариесот на забите да предизвика смрт?

Идејата дека расипаните заби можат да бидат опасни по живот навистина звучи апсурдно. Но, се појавуваат сè повеќе докази кои покажуваат дека она што се случува во вашата уста, можеби има поголемо влијание врз здравјето на целото тело.

Може ли кариесот на забите да предизвика смрт?

Едно од најпознатите верувања е дека лошата орална хигиена може да предизвика болести на срцето. Оваа потенцијална поврзаност била дополнително потврдена со истражување од 2015-та година. Истражувањето покажало силна врска помеѓу лошата орална хигиена и високиот крвен притисок, добро познат ризичен фактор за кардиоваскуларни болести.

Постојат неколку теории кои се обидуваат да објаснат која е поврзаноста помеѓу болестите на забите и срцето. Најпрво, оралните бактерии можат да завршат во крвотокот преку непцата што крвават и да се „закачат“ на масните наслаги во крвните садови во срцето. Штом ќе се најдат овде, тие го попречуваат дотокот на крв, што може да предизвика инфаркт.

Според друга теорија, воспалението на артериите предизвикано од бактериите во устата го отежнува дотокот на крв, што повторно води до инфаркт. Според истражувањето, воспалението и покачувањето на крвниот притисок е можеби поврзаноста помеѓу воспалението на непцата и потенцијалните срцеви болести.

Иако засега нема конечен доказ дека лошата орална хигиена предизвикува болести на срцето, сепак најверојатно претставува ризичен фактор. Па врската помеѓу устата и телото е многу поголема и има поголемо влијание отколку што се мислело. Сепак, истражувачите допрва треба да докажат дали лекувањето на кариесот и воспаленијата на непцето можат да го намалат ризикот од кардиоваскуларни болести.

Лошата орална хигиена исто така била поврзувана и со други болести како мозочен удар, деменција, артритис, некои видови рак, дијабетес, проблеми во бременоста, па дури и еректилна дисфункција. Во најголемиот број случаи, се верува дека бактериите од инфицираните заби завршуваат во крвотокот на пациентот и да предизвикаат штета. Па, можеби треба да обрнете подобро внимание на вашата орална хигиена.

Погледнете и што може да се случи доколку не ги миете забите редовно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар