Животот е премногу краток за да не ги направите овие нешта
Сигурно сакате да направите многу нешта, но поради некоја причина не преземате ништо. Понекогаш причината е страв, понекогаш мислите дека тоа е недолично. Без разлика каков е вашиот изговор, животот е премногу краток за да не направите некои работи за кои подоцна ќе ви биде криво.
1. Носете црвен кармин, и тоа навистина светлата нијанса што ви се допаѓа, но сметате дека не е ваш стил. На секоја девојка ѝ стои црвениот кармин.
2. Одете сами во ресторан само со книга. Телефонот оставете го во чантата. Читајте, уживајте во оброкот, напијте се чаша вино, гледајте ги луѓето околу вас. Надминете го стравот од јадењето сами и сфатете колку е всушност убаво.
3. Шетајте голи низ станот после туширање колку што сакате. Изгледајте и цел филм додека сте без облека. Заборавете дека воопшто треба да се облечете.
4. Научете да готвите, дури и ако воопшто не ви оди. Научете да направите нешто за себе, почувствувајте го притисокот од добро завршената работа и отворете се кон цел свет од хобија и интереси.
5. Офарбајте некој ѕид со луда боја. Доколку на крајот не ви се допаѓа, секогаш можете да го покриете.
6. Проверете ги продавниците со половна роба. Обидете се таму да ги најдете нештата што ви се потребни. Немојте да ја потценувате моќта на универзумот, кој ќе ви помогне да го најдете она што ви треба за навистина ниска цена.
7. Порачајте коктел додека летате со авион, па дури и ако летот е утрински. Всушност, направете го тоа особено ако летате наутро.
8. Јавете ѝ се на мајка ви само затоа што сакате да ја слушнете. Пратете ѝ порака на вашата тетка и кажете ѝ што планирате. Направете видео повик со пријател кој живее далеку од вас. Разубавете нечиј ден така што ќе го потсетите колку го сакате.
9. Пешачете или возете велосипед до места кон кои обично возите или одите со автобус. Откријте што сте испуштиле по пат.
10. Избришете ги броевите од телефонот кои само ви предизвикуваат неволја. Избришете ги и пораките што се премногу болни или срамни.
11. Замолчете ги луѓето што не можете да ги отстраните од животот, но чие присуство на социјалните мрежи ве троши.
12. Тргнете ги од листата на пријатели луѓето кои не ви се потребни. Во дигиталниот свет опкружете се со луѓе и нешта што ве прават попаметни, посреќни и подобри. На никој не му го должите вашето онлајн внимание.
13. Запалете си свеќи за вас, само затоа што сакате. Направете да се чувствувате како гостин во вашиот дом, бидејќи малите моменти на грижа за себе можат да донесат многу.
14. Потрошете повеќе на штикли кои се квалитетни, кои нема да ве повредат и кои нема потреба да ги замените за една сезона.
15. Кажете им „Те сакам“ на луѓето коишто ги сакате, дури и ако постои ризик да не ви возвратат. Ако сакате некој што не ве сака, заслужувате да го знаете тоа. Постои само еден начин да дознаете.
16. Извинете им се на луѓето кои заслужуваат. Проголтајте ја гордоста, извинете се и кажете дека следниот пат ќе бидете подобри. Прашајте што би требало да поправите и внимателно слушајте.
17. Излезете во вторник навечер и испијте повеќе од планираното. Забавно е, а кога ќе престанете да излегувате сред недела, ќе знаете дека сте остареле. Секогаш има време за вечер за опуштање.
18. Бакнете ја погрешната личност и не грижете се што тоа кажува за вас. Тоа само кажува дека сте си поминале добро и дека некој сакал да ве бакне. Прифатете го како комплимент.
19. Отпатувајте во друга држава за да го посетите пријателот од странство. Купете ги билетите однапред за да не можете да се премислите, а ќе треба и да работите понапорно. Сепак, на крајот ќе ви биде мило што сте го направиле тоа.
20. Напуштете го работното место што повеќе ви краде од здравјето отколку што ви помага финансиски. Заслужувате да бидете среќни на работното место, без разлика какво е. Не продавајте го психичкото здравје за плата.
21. Порачајте го помфритот. Изедете уште еден сладолед. Направете си колачиња. Да бидете здрави значи да се грижите и за менталното здравје, а агонијата за нешто вкусно не вреди. Можете да се храните здраво, а сепак одвреме-навреме да се почестите и со пица.
Пробајте ги и овие совети за релаксација и опуштање што ќе ви ги исполнат деновите со среќа.