Сократов метод за откривање на вистинската љубов: Во пожар, дали ќе ја спасите сопругата или детето?
Беше обична саботна вечер. Децата се разбегаа по собите, а јас го читав Сократ. Едно прашање ме замислил. Тoj ги прашал неговите сограѓани: „Ако дојде до пожар, а можете да спасите само една личност, кого ќе спасите? Жената или детето?“
Сите мажи одговориле: „Детето, се разбира!“
Сократ рекол: „Јас би ја спасил својата жена. Ќе остареме заедно, а таа ќе ми роди уште деца. Ако го спасам детето, тоа би била трагедија и вечна тага и за него и за мене. Засекогаш еден со друг ќе се потсетуваме на трагедијата. Детето би ја изгубило мајката, можеби би добило и маќеа која не би го сакала како мајка…“
Морав да му го поставам ова прашање на сопругот. „Детето! Секако дека е го спасам детето! Тоа е незаштитено и мало“, рече тој..
Му кажав за Сократ. Долго разговаравме на оваа тема…
Следното утро секој отиде на работа, а децата на училиште. Имав напорен ден на работа и не помислив на Сократ. Кога си дојдов дома вечерта, сопругот ми рече: „Како не ме убија на работа денес! На паузата за ручек им го поставив ова прашање на колегите. Сите одговорија дека би го спасиле детето. Јас им реков дека исто одговорив, но дека Сократ на крајот ме убеди да го променам своето мислење. Никој не ручаше, почна општа расправа. Се вклучија и жените од сметководство. Почнаа да галамат: ‘Дали сте нормални? Секако дека ќе го спасите детето, тоа е ваша крв! Жената секогаш може да се замени!’ За среќа, дојде шефот и расправата прекина.“
Следниот ден сопругот отиде на работа и почнал да разговара со портирот кој е пензионер. Портирот го прашал зошто вчера сите галамеле за време на ручек. Сопругот му раскажал за сократовото прашање.
Портирот му одговорил: „Мојата жена и јас сме во брак 40 години. Имаме 3 сина, 5 внуци. Нашата куќа ја изградивме со сопствени раце… И децата и внуците редовно нè посетуваат. Јас сепак би ја спасил својата сопруга. Децата се само гости во нашите животи, во нашата куќа. Да, јас ги сакам и тие не сакат нам. Сите ние сме потрошена роба. Ако можам да одбирам, би одбрал да умрам пред својата сопруга.“
Ме шокира мудроста на овој старец. Си помислив, можеби разводите се толку чести бидејќи не ги цениме сопружниците доволно. Можеби центарот на нашиот свет не би требало да бидат децата, туку брачниот партнер. Можеби сите би биле посреќни кога мама и тато би се сакале повеќе.