КАФЕ ПАУЗА

Истражување: Доколку сакате да живеете подолго, станете вегани

Истражување: Доколку сакате да живеете подолго, станете вегани

Долгиот и здрав живот им е приоритет на речиси сите. Но, како да го добиете? Доколку сте подобро информирани, веројатно веќе знаете дека би требало да го намалите внесот на месо ако сакате да живеете подолго и поздраво. Но според едно истражување, луѓето кои сакаат месо би требало да направат драстични промени.rnrnИстражување: Доколку сакате да живеете подолго, станете веганиrnrnИмено, веганите се најздравите луѓе, и тоа благодарение на исхраната базирана на овошје и зеленчук. Во истражувањето учествувале 840 луѓе со 4 разни видови на исхрана – вегани, лакто-ово вегетаријанци, вегетаријанци и полувегетаријанци.rnrnИспитаниците дале примерок од крв и урина, а научниците проверувале ниво на масти, антиоксиданси и витамини. Се утврдило дека веганите имаат најмалку лоши масти во организмот и најмногу антиоксиданси, кои се клучни за здравјето и виталноста.rnrnИсто така се утврдило дека веганите имаат повеќе омега 3 масни киселини, што е навистина изненадувачки, бидејќи овие киселини најмногу се наоѓаат во рибата што веганите не ја консумираат. Сепак, омега 3 масните киселини се наоѓаат и во јаткастите плодови, чиа семето и ленот – нешто што често се наоѓа на менито на веганите.rnrnВегетаријанците покажале речиси исти резултати како и веганите, додека кај полувегетаријанците приказната била поразлична. Нивните примероци крв и урина биле слични како на оние кои редовно јаделе месо.rnrnАвторите на истражувањето препорачуваат дека овие резултати не значат дека целосно треба да се откажете месото, туку да го консумирате најмалку, а да направите повеќе место за овошје и зеленчук.rnrnДознајте и што ќе се случи со вашите тело и самодоверба доколку станете вегани.