5-те типови личности според модерните психолози
Вашиот карактер влијае на многу нешта – од пријателите што ги одбирате, па сè до тоа за кого ќе гласате на политичките избори. Но многу луѓе не размислуваат за нивните лични особини. Кога ќе сфатите каква личност сте, ќе имате подобар увид во вашите јаки и слаби страни. Исто така ќе знаете како изгледате во очите на другите. Повеќето модерни психолози се согласуваат дека постојат 5 типови личности или карактери, а во продолжение можете да откриете каде спаѓате вие.
1. Совесни
Луѓето кои имаат највисок степен на совест се ефикасни, добро организирани и доволни си се самите себеси. Тие сакаат однапред да ги планираат нештата, а нивните цели се навистина високи. Луѓето кои имаа помала совест ги гледаат овие личности како тврдоглави и опсесивни.
2. Екстровертни
Екстровертните луѓе ја добиваат нивната енергија од друштвните активности. Тие се разговорливи, дружељубиви и сакаат да бидат во центарот на вниманието. Другите ги гледаат како доминантни и жедни за внимание.
3. Пријатни
Луѓето кои спаѓаат во оваа категорија се секогаш љубезни кон другите. Познати се по нивното добро однесување и често минуваат време волонтирајќи и правејќи добро. Понекогаш другите ги гледаат како наивни и претерано пасивни.
4. Отворени за нови искуства
Луѓето кои се отворени за нови искуства се познати по нивниот широк спектар на интереси и живописни фантазии. Тие се радознали и креативни и преферираат разновидност, наместо некоја рутина. Сакаат да се реализираат себеси преку интензивни и еуфорични искуства, па дури и живот во странство. Другите ги гледаат како непредвидливи и нефокусирани.
5. Невротични
Невротичните имаат висок степен на емоционална нестабилност. Често се избувливи и се одликуваат со анксиозност и раздразливост. Другите ги гледаат како нестабилни несигурни личности.
Разбирање на основата на карактерот
Карактерот на луѓето останува релативно стабилен со текот на времето. Карактеристиките кои се појавиле на 7-годишна возраст, најверојатно ќе предвидат какво ќе биде вашето однесување во текот на целиот живот. Секогаш можете да го промените вашиот карактер, но за тоа ќе ви бидат потребни многу труд и трпеливост. Сепак, доколку не сте задоволни, психолозите сметаат дека е возможно.
Дознајте и кој од 12-те Јунгови архетипови ве опишува најдобро.