Поради ужасните летни горештини многу повеќе се тушираме, пливаме и се поливаме со вода, па честопати се случува да ни се заглави вода во ушите. Освен што е непријатно, може да биде и опасно. За да не се мачите со овој ужасен проблем, смисливме 7 начини на кои можете да ја извадите водата од ушите, а ако ниеден од овие методи не ви успее и веќе почнувате да чувствувате болка, тогаш веднаш посетете лекар.rnrn
rn
1. Направете капки од алкохол и оцет
rnОваа комбинација ќе го ослободи протокот на водата од ушите и ќе спречи инфекција. Постапката е многу едноставна. Наполнете едно шишенце до половина со алкохол, а од половина нагоре со бел оцет и со помош на пипета ставете неколку капки во едното па во другото уво. Исцедете ги ушите со наведнување на главата. Киселината ќе го разбие церуменот во увото и ќе го олесни истекувањето, а алкохолот помага во испарување на водата. Ако имате оштетено ушно тапанче не ја испробувајте оваа техника.rn
2. Создадете вакуум во увото
rnНавалете ја главата кон онаа страна на која увото ви е затнато, притиснете го со дланката, а потоа притискајте внатре-надвор. Така ќе направите благ вакуум за извлекување на водата од увото. Вакуумот може да се направи и со прст. Свртете го увото надолу, пикнете прст и брзо извадете го. Повторувајте ја постапката додека не почувствувате дека водата излегла од увото. Исто така, пробајте да го масирате увото во насока на стрелките на часовникот.rn
3. Исушете ја водата со топол воздух
rnУпотребете фен за сушење коса. Наместете го на најслаба температура и поставете го на растојание од 30 см од увото. Топлиот воздух ќе стимулира испарување на водата.rn
4. Скокајте на една нога
rnНаведнете ја главата на страната на која увото ви е полно со вода, застанете на една нога и скокајте. Во исто време повлечете ја ушната ресичка затоа што тоа може да го прошири ушниот канал. Ако не сакате да скокате, пробајте да ја наведнете главата и само да ја повлечете ушната ресичка.rn
5. Легнете и потпрете се на гравитацијата
rnЛегнете на стомак со затнатото уво надолу и неколку минути останете во таа позиција. Гравитацијата би можела да си го направи своето т.е. водата да истече од увото затоа што ќе ја пронајде дупката низ која треба да излезе.rn
6. Џвакајте гума за џвакање или преправајте се дека џвакате
rnКоската на вилицата се наоѓа во близина на увото, па нејзиното движење може да ви помогне во решавање на ваквиот проблем. Каснете нешто, џвакајте мастика или импровизирајте. Во исто време наведнете ја главата надолу на страната на увото кое не е затнато и потоа нагло свртете се на другата страна.rn
7. Пробајте да зевате
rnЗевањето исто како и џвакањето, помага затоа што коските околу увото се свиваат – вака ќе ја поместите водата и ќе го стимулирате нејзиното излегување.