Сè што треба да знаете за заздравувањето по царски рез

Сè што треба да знаете за заздравувањето по царски рез

Веројатноста дека породувањето ќе заврши со царски рез е значително поголема отколку пред 20 години. Во 2001 година статистиките покажувале дека околу 11,9% од породувањата биле со царски рез, а денес бројката е издигната до неверојатни 20%. Токму затоа е и важно да знаете како да се подготвите за заздравување и да откриете што точно треба да очекувате доколку дојде до тоа. Хелен Бирн, експерт за здравје и фитнес, и д-р Кесија Гејтер, специјалист за фетална медицина, споделиле неколку корисни совети.

„Изненадувањето игра голема улога во заздравувањето. Повеќето жени не очекуваат дека ќе се породат со царски рез и воопшто не се свесни за тоа што следува потоа. Токму затоа и сите бремени жени треба однапред да бидат свесни дека степенот на болка е голем, особено во првите три дена. Оваа болка ќе трае околу 6 недели“, објаснува д-р Гејтер.

И покрај тоа што по операцијата дури и мрдањето ќе биде болно и жената не се чувствува способно да стане од кревет, сестрите ќе ја тераат да стои. Тоа го прават затоа што е најдобриот начин да се подобри циркулацијата и да се избегнат крвните згрутчувања.

„Доколку земате силни лекови против болка, доењето треба да се одложи првите три дена бидејќи тие ќе се пренесат преку млекото на бебето“, советува Бирн.

Уште еден корисен совет е да имате многу перници околу себе, за кога бебето ќе цица, наместо да го држите во раце (што може да биде неизмерно болно за вас), тоа да се потпира на нив и да не ве притиска на раната. Бирн истакнува и дека докторите ќе ве предупредат да не вежбате барем 6 недели по породувањето, но тоа не се однесува на одењето.

„Само 15% од трудниците ја исполнуваат препорачаната дневна физичка активност. Најдобро е да се оди 30 минути на ден, со цел да ја подобрите вашата циркулација“, објаснува Бирн.

Царскиот рез може да влијае негативно и на дигестивниот систем, па треба да бидете свесни дека и одењето во тоалет ќе биде болно.

Во текот на првите неколку недели, клучно е да изведувате нешто што се нарекува „конструктивен одмор“. Легнете на подот, со нозете подигнати на кауч, колената нека ви бидат свиткани под агол од 90%, а рацете раширени. Оваа положба помага при заздравувањето бидејќи го намалува механичкиот стрес на целото тело. Вашите мускули и колкови ќе се опуштат и ќе почувствувате олеснување низ целото тело. Доволни се само 10-15 минути дневно за оваа вежба.

И за крај, не заборавајте на Кегеловите вежби, кои се клучни по породувањето. Особено за мајките што се породиле со царски рез.

Прочитајте ги и овие 3 вистини за мајките кои поминале низ царски рез што сите треба да ги знаат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар