Емпатијата е можеби само модерен поим за некои луѓе, но оние кои навистина спаѓаат во оваа група знаат дека не е сè така убаво. Дури и психолозите предупредуваат за опасностите од „замор од сочувство“, односно за типичниот несакан ефект во животот на емпатите.rnrn
rnrnЕмпатите се луѓе кои ги чувствуваат нештата навистина длабоко. Тие ги разбираат и ги чувствуваат другите на начин кој е речиси невозможно да се објасни. Кога влегуваат во просторијата, тие веднаш ги чувствуваат гневот, тагата, осаменоста, среќата и сите енергии од луѓето околу нив. Поради овој ефект на рефлексија, луѓето често се изненадени од чудното однесување на емпатите.rnrnСе разбира, сочувството и емпатијата кон другите, дури и кога е навистина екстремно, има свои добри страни. Емпатите ја сакаат оваа нивна особина и имаат разбирање за сите живи суштества. Но, оваа особина не доаѓа без цена.rnrnМожеби прв пат го слушате терминот, но сигурно сте почувствувале замор од сочувствување. Овој замор се појавува кај емпатите, чувствителните луѓе, негувателите и повеќето луѓе кои сакаат да им помогнат на другите. Сепак, најизразен е кај првата група.rnrnСимптомите најчесто ги имитираат луѓето од кои ја апсорбирате енергијата. Чувствата на беспомошност, страдање, па дури и траума, спаѓаат во категоријата замор од сочувствување. Поради ова, емпатите често изгледаат како антисоцијални луѓе кога почнуваат да се повлекуваат од другите, со цел да го зачуваат нивното здравје. Проблемот е што многу често не сфаќаат колку тага и трагедија апсорбирале сè додека не се почувствуваат преплавено. Во тие моменти, тие се изолираат и се обидуваат да работат на себе.rnrnДруги симптоми кои можат да се појават се недостаток од задоволство, несоница, физички, ментален и емоционален замор, криење на емоциите, кошмари и претерана употреба на разни супстанци. Постојат и многу екстремни симптоми кои можат да се поврзат со интензивен хроничен стрес.rnrnСпоред терапевтите кои им помагаат на премногу чувствителните луѓе, стапката на самоубиство е повисока кај луѓето кои покажуваа повеќе сочувство. Тие нагласуваат дека причината е екстремната чувствителност на сите емоции и проблеми кои се случуваат околу нив. Емпатите се повлекуваат од туѓото друштво со цел да се заштитат, а поради ова се гледаат како „чудаци“, а понекогаш дури и се малтретирани од општеството поради нивното навидум чудно однесување.rnrnМногу емпати се чувствуваат како вонземски суштества кои не можат да бидат разбрани, а понекогаш не се разбираат ни самите. Емпатите често си поставуваат животна цел да им помогнат на другите кои се соочиле со траума, стрес или други болни чувства. Тие се одлични исцелители и на некој чуден начин привлекуваат луѓе на кои им е потребна помош. Но емпатите не треба да заборават да се грижат за себе и да постават граници. Понекогаш треба да одбијат да понудат помош, доколку тоа е на сметка на нивната благосостојба.rnrnДоколку сте соочени со замор од сочувствување, има начин да се справите со проблемот. Можеби е време да престанете да мислите на другите и некој период да се посветите себеси. Само немојте да се изолирате. Побарајте поддршка од семејството, пријателите или кој било што сметате дека може да ви помогне. Поставете здрави граници, најдете хоби што прави да се чувствувате добро и грижете се за себе .rnrnОд вас не се очекува да бидете суперхерој. Не заборавајте дека иако е добро да им помогнете на другите, постојат многу ситуации во кои не можете да направите ништо, освен да се повредите себеси.rnrnПогледнете и кои се моќните чувства што ги доживуваат само емпатите.
Психолозите предупредуваат за опасноста од заморот од сочувствување кај емпатите
