10-те најчудни места во светот кои вреди да ги посетите

Сподели

Патувањето во друга држава е можеби една од најголемите радости во животот. Новите места можат да ви помогнат да го промените вашиот животен стил, да ви бидат инспирација, но и да ви помогнат да најдете нови пријатели. Знаеме дека светот е полн со секакви чуда, а следниве необични места ширум светот навистина вреди да ги посетите.rn

Реклама

1. Ѓаволски мост, Германија

rnRakocburke, или Ѓаволскиот мост во Германија е изграден на тој начин што формира полн круг со неговиот одраз во водата. Според народните приказни, овие мостови настануваат или поради луѓето, или поради натприродни битија кои за возврат ја бараат душата или детето на оној кој побарал да се изгради мостот. Ѓаволскиот мост е изграден од камења кои потекнуваат од далечен каменолом во германските планини и навистина е чудно зошто не се користеле локални материјали.rn

2. Езерото на златни медузи, Палау

rnЕзерото на златните медузи беше затворено за посетители од 2016-та до 2018-та година, односно додека не се подобрила состојбата на медузите. Денес езерото е една од најпознатите атракции во светот и е дом на над 20 милиони медузи.rn

3. Ѕвездено море, Малдиви

rnИако Малдивите сами по себе се вистински рај на земјата, вистинската магија настанува откако ќе зајде сонцето. Милиони микроорганизми ја чекаат ноќта за да ја осветлат преубавата плажа.rn

4. Розова плажа, Бахами

rnЕдна од најубавите плажи на Бахамите се наоѓа на островот Харбор. На овој остров можете да уживате во несекојдневните релаксирачки бои. Песокот има розова боја благодарение на коралите.rn

5. Свиткани стебла, Полска

rnОвие дрва се посадени уште во 1930-та година и до денес на никој не му јасно зошто растат на овој начин. Некои сметат дека при садењето е користена специјална алатка што би го предизвикала ова. Имено, дното на секое стебло е свиткано, а потоа се извива право кон небото.

Продолжува на следната страница

Популарно

Може ќе ве интересира