Без разлика дали го користите или не, добро знаете што е вибраторот. Неговата главна намена е женското задоволство, а може да се користи на многу различни начини. Но дали знаете дека историјата на оваа секс играчка започнува уште во 19-тиот век? Покрај тоа, на почетокот неговата намена била сосема поразлична – се користел за масажа на карлицата, но и во медицината.rnrn
rnrnВо Викторијанската ера, хистеријата кај жените се поврзувала со матката, па масажата на карлицата која резултира со оргазам изгледала како совршен лек. Според оваа теорија, оргазмот би требало целосно да ја излечи жената.rn
Хидротерапијата не функционирала
rn
rnrnОвој метод помеѓу „хистеричните жени“ бил многу популарен, па некои пациенти сè поретко се враќале во ординацијата. Ова само ја потврдувала „ефикасноста“ на магичниот лек. Кога ќе се земе предвид дека на почетокот терапијата се изведувала рачно, лекарите биле соочени со замор и физички напор. Поради ова посегнале по хидротерапијата, односно меѓуножјето на жените било масирано со млаз вода.rn
Големо откритие кое „лечи 200 болести“
rn
rnrnОчигледно, ова не било долготрајно решение, па во 1880-тите британскиот лекар Џосеф Мортимер Гранвил го измислил електричниот вибратор за да им ја олесни работата на лекарите. Жените веднаш биле воодушевени од ова електромеханичко чудо, а производителите виделе можност за заработка, па почнале да прават вибратори за домашна употреба. Во 1902-ра година бил патентиран првиот вибратор за домашна употреба.rnrnЕдна реклама од овој период тврдела дека вибраторот ги закрепнува нервите и целиот систем, добро делува на тенот и ја стимулира циркулацијата по природен пат. За најефикасно делување, се препорачувало да се користи после капење или вежбање, а некои од производителите тврделе дека може да излечи над 200 болести, вклучувајќи глувост, парализа и несоница.rnrnДенес вибраторите постојат во разни форми и бои и имаат различни функции. Иако денес нивната употреба е далеку од медицинска, некои истражува покажале дека луѓето кои користат секс играчки, имаат подобро физичко и ментално здравје. Доколку сте љубопитни, слободно тестирајте го, бидејќи вибраторите одамна не се табу тема.rnrnСигурно ќе ве интересира и оваа необична примена на вибраторите.
