Љубителите на фантазијата и научната фантастика се најдобри партнери

Љубителите на фантазијата и научната фантастика се најдобри партнери

Добро е познато дека доколку сакате да го најдете вистинскиот партнер, прво проверете дали таа личност чита книги. Сега пак знаеме и кои книги би требало да ги чита личноста доколку барате совршен партнер.

Љубителите на фантазијата и научната фантастика се најдобри партнери

Имено, според едно неодамнешно истражување, читателите на фантазија и научна фантастика се најмалку склони кон нереални верувања и очекувања во врската.

Испитаниците најпрво биле испрашувани за автори од различни жанрови – од класична литература и научна фантастика, па сè до хорор автори. Потоа испитаниците одговарале прашања за нереалните верувања во врските. Тие оценувале колку се согласуваат со дадените изјави како: „Луѓето кои се во близок однос можат да ги почувствуваат потребите на другиот, како да му ги читаат милите“.

Покрај очекувањето партнерот да им ги чита мислите, научниците го истражувале и ставот на испитаниците за следниве тврдења – несложувањето е деструктивно, партнерите не се менуваат, како и за очекувањето сексуално совршенство. Добиените резултати покажале дека љубителите на фантазијата и научната фантастика немаат нереални очекувања од партнерот.

Двете тврдења кои фановите на овие жанрови ги одбивале биле верувањето дека несложувањето е деструктивно и дека партнерот не може да се промени. Токму овие тврдења најчесто предизвикуваат проблеми во реалните врски.

Погледнете и зошто е добро да се вљубите во личност која сака да чита книги.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар