Марами за коса: Најубавиот моден детаљ за оваа сезона
Изминативе години марамите станаа еден од најпосакуваните модни додатоци, најмногу поради тоа што изгледаат добро со речиси секоја комбинација.
Освен околу врат, марамите можете да ги носите и на главата, но и како украс на вашата чанта.
Оваа година марамите се најпознат детаљ за коса, а летото можат да го подобрат вашиот изглед и на плажа.
Моментално најпопуларно е врзувањето на марамите околу главата. Се разбира, можете да бидете креативни со начинот на врзување, како на пример, да направите панделка. Па извадете ги марамите од гардероберот, или инвестирајте во некоја нова, и освежете го вашиот целокупен изглед.
Погледнете и кои се најпопуларните нијанси на кармин за оваа пролет.