Тајните за убавина на жените од Финска

Тајните за убавина на жените од Финска

Скандинавките се познати како светлокоси убавици и веројатно се имате запрашано како се грижат за нивниот изглед. Изгледа дека за ова се одговорни нивните добри гени, но и здравата исхрана и активниот животен стил.

Тајните за убавина на жените од Финска

Финците ја сакаат природата и едноставно ја ценат самотијата, па нивните главни активности се медитативни прошетки по шумата и капење во езерата во текот на летото. Во зима се релаксираат во сауна и скијат по неверојатните терени.

Едноставноста ја преферираат и во кујната. За готвење употребуваат свежи состојки, како зеленчук, печурки, шумски плодови и житарици, во зависност од сезоната. Тие веруваат дека треба да им се вратиме на корените и да посветиме време само на себе.

Тие и често собираат плодови од шумите и ливадите. Најчесто приоритет им се бобинките и дивите билки, а целата Финска е богата и со други лековити растенија кои се богати со антиоксиданси и имаат многу медицински придобивки.

За нивното лице најчесто прават домашни маски од состојки како брусница, боровници, диви јагоди и слично. Овие маски можете да ги пробате и вие – испасирајте ги бобинките, измешајте ги со јогурт и ќе добиете маска богата со антиоксиданси, витамини Ц и Е и добри аминокиселини. Најдобро е да ги користите маските свежи.

Кога станува збор за храна, често консумираат салати со авокадо, зелен лиснат зеленчук, прокељ… Доколку немате многу време, можете и целата салата да ја ставите во тортиља и ќе добиете одличен оброк, кој брзо се прави и е практичен за носење. Од храна, често употребуваат и куркума. Најчесто ја рендаат и ја додаваат во сокови, смудија, каши и варива.

Сите знаеме дека климата во Финска е студена и лоша за кожата, но Финките имаат решение за тоа. Тие веруваат дека убавината и здравата кожа доаѓаат од храната, па консумираат многу масни киселини, јаткасти плодови, риба… Употребуваат само природна козметика, како на пример масло од билки и крем за лице од шеа путер, кога навистина треба да ја заштитат кожата од студеното време.

Во текот на летото консумираат многу зеленчук, така што нивната кожа е поотпорна на сонцето. Редовно јадат и моркови, а ова им помага брзо да добијат неверојатен тен.

Погледнете ги и овие кратки совети за убавина што го издржале тестот на времето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар