Истражување: Како спијат луѓето кои се будат мрзливи наутро?
Едно големо истражување за спиењето открило дека вашата положба на спиење има влијание на тоа како ќе се чувствувате наутро.
Како повеќето луѓе, веројатно и вие сметате дека за да бидете подготвени за наредниот ден, треба добро да се наспиете. Но веројатно се прашувате зошто и после 8 часа спиење, понекогаш се чувствувате навистина изморено.
Новото истражување покажало дека виновна е вашата положба на спиење. Во истражувањето учествувале 1.021 испитаник на кои им биле поставувани прашања за нивните навики за спиење. Најголем дел од испитаниците биле на возраст помеѓу 18 и 77 години, 54,4% биле жени и 45,6% биле мажи.
Кога биле прашани во која положба спијат и колку добро спиеле, се открило дека оние кои спиеле на грб спиеле најдобро. Многу испитаници изјавиле дека најмногу сакаат да спијат на страна во положба на фетус, бидејќи оваа положба е удобна и утешителна. Но истовремено, 40% од оние кои спиеле во оваа положба изјавиле и дека спијат лошо.
Истражувањето покажало дека луѓето кои спијат на страна и на стомак, наутро се најмрзливи. Од друга страна, луѓето кои спиеле на грб се буделе мотивирани и подготвени за претстојниот ден.
Научниците обрнале внимание и на просторот во креветот. Паровите кои спиеле свртени со грб, имале најлош квалитет на сонот. 37% од нив изјавиле дека нивниот квалитет на спиење е под просекот. Од паровите пак кои спиеле оддалечени еден од друг, 72% изјавиле дека спиењето им било добро. Па изгледа дека најдобро ќе се наспиете доколку сте сами во креветот.
Знаевте ли дека начинот на кој спиете со партнерот кажува многу за вашата врска.