Животната приказна на Лејди Гага докажува дека никој не станува голем без да му се случи некоја катастрофа. Во периодот кога ја започнувала нејзината кариера, „непријателите“ на Лејди Гага направиле Фејсбук група насловена „Стефани Германота, никогаш нема да станеш позната“.rnrn
rnrnНеодамна луѓето дознаа за оваа мала заедница и веднаш се вљубија во нејзината иронија. Во групата се наоѓаат фотографии од млада 18-годишна студентка од Њујорк која свири пијано во локални барови. Исто така имало и жестоки коментари со кои ја обвинувале тогаш надежната ѕвезда дека само барала внимание.rnrn
rnrnЕдна жена по име Лорен Бон била бруцош во Њујорк кога ја забележала групата и ја споделила со јавноста во 2016-та година со објава на Фејсбук.rn
„Кога бев бруцош на Универзитетот во Њујорк и Фејсбук постоеше само една година се сеќавам дека налетав на Фејсбук група што ми го скрши срцето. Нејзиното име беше ‘Стефани Германота, никогаш нема да бидеш позната’“, напишала Лорен на објавата.rnrn„Исто така се сеќавам дека едно момче објави флаер за една од нејзините следни свирки во локалниот бар. Очигледно го нагазил флаерот бидејќи се познаваше кал од неговиот чевел околу нејзиното име.“
rn
rnrnНекој период жената целосно заборавила на групата и на Стефани Германота. Но околу 5 години подоцна, го читала профилот на Лејди Гага во списанието New York Magazine и сфатила за кој станува збор. Таа напишала:rn
„Стефани, ти благодарам. Ти благодарам што секогаш мислеше дека си суперѕвезда, што ги искористи твоите пукнатини за да ѝ дозволиш на светлината да влезе повеќе. Луѓе, да ја следиме.“
rn
rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
