Дали пастата за заби ја зголемува отпорноста на антибиотици кај бактериите?
Научниците од Универзитетот Вашингтон во Сент Луис спровеле истражување кое покажало дека вообичаениот антибактериски состав на пастите за заби и течностите за плакнење на устата, можеби предизвикува отпорност на бактериите на антибиотици.
Според истражувањето, хемикалијата триклосан ги прави бактериите отпорни до тој степен, што тие можат да преживеат и многу силен третман со антибиотици. Триклосанот може да се најде во разни козметички продукти, во играчките за деца, па дури и во кредитните картички. Производителите ја додаваат оваа хемикалија со цел да го намалат размножувањето на бактерии. На почетокот хемикалијата се користела само во болници, но денес е распространета насекаде.
Тестирањето на лабораториски глувци покажало дека изложеноста на триклосан ја ограничува способноста на организмот да реагира на лекувањето со антибиотици, особено оние кои се користат за уринарни инфекции.
„Во нашето истражување, триклосанот значително го зголеми бројот на преживеани бактерии“, изјавила професорката по биологија Петра Левин.
Таа изјавила дека триклосанот едноставно им помага на бактериите да ја избегнат смртта од антибиотици. Бактериите изложени на триклосан можат да станат отпорни на група антибиотици познати како кинолони. Научниците истакнале дека бактериите можат да се развијат на таков начин што ги напаѓаат кинолоните. Имено, бактериите мутираат и не им дозволуваат на антибиотиците да ја распаднат нивната ДНК, а исто така стануваат отпорни и на триклосанот.
Сепак, според научниците, потребни се дополнителни истражувања кои ќе ја потврдат претпоставката дека триклосанот има лошо влијание врз терапиите со антибиотици кај луѓето. Во 2017-та година, Федерацијата за храна и лекови истакна дека отпорноста на бактериите на антибиотици е една од најголемите закани за човечкото здравје.
Погледнете ги и нештата што треба да ги знаете за антибиотиците.