КАФЕ ПАУЗА

Неверојатен напуштен град со 350 копии од француски дворец

Неверојатен напуштен град со 350 копии на француски дворец

Дали некогаш сте слушнале за дупликатура? Ова е израз што се користи кога се дуплира некоја позната градба. Во Кина има многу примери за дупликатури, но овој град се наоѓа во друга држава.rnrnНеверојатен напуштен град со 350 копии на француски дворецrnrnУште од 1990-та година, Кинезите градат куќи кои се копии на познати градби ширум светот. Се користат евтини и неквалитетни градежни материјали, а за само неколку месеци се конструираат цели градови кои се дупликати на европската историја.rnrnПроектот познат како „Бурџ Ал Бабас“ се наоѓа во Турција и е една од најбизарните идеи. Ова е мал град во кој се наоѓаат стотици мали замоци кои се копии на дворец во долината на Лоара, Франција. Проектот е започнат од групацијата Sarot и се наоѓа во северозападниот дел на државата. Но денес, за жал, ова е град на духови.rnrnНеверојатен напуштен град со 350 копии на француски дворецrnrnОвде има точно 350 замоци кои се изградени уште во 2011-та година. Проектот бил наменет за богатите луѓе со ветување дека овде ќе има здравствени центри, салони за убавина, трговски центри, аква паркови, ресторани и забавни паркови.rnrnНеверојатен напуштен град со 350 копии на француски дворецrnrnСекоја вила има 324 метри квадратни, а купувачите од Катар, Кувајт и Саудиска Арабија биле подготвени да платат и до 500.000 евра за еден замок. Сè одело по планот, сè додека целиот проект не прогласил банкрот пред крајот на минатата година.rnrnНеверојатен напуштен град со 350 копии на француски дворецrnrnМоментално Бурџ Ал Бабас има долг од околу 26 милиони евра, а групацијата очајно се обидува да продаде барем 100 замоци. Наредено е да прекине секаква работа на проектот и градот да се затвори. Креаторите ги обвинуваат муштериите кои ветиле дека ќе ги купат вилите, но не платиле ни денар. Сега сите куќи пропаѓаат, а од групацијата сепак се надеваат дека ќе ја надминат кризата за четири до пет месеци.rnrnПрочитајте нешто повеќе за овие напуштени места од кои ќе ве полазат морници.