Стилски прирачник: 4 комбинации на бои што секогаш изгледаат беспрекорно
Дури и да имаме милион парчиња облека во нашиот шкаф, доколку не знаеме како правилно да ги комбинираме боите, никогаш нема да можеме да го искористиме нивниот вистински потенцијал. Па, ако вашата цел е да изгледате отмено и префинето, тогаш ве советуваме да ги пробате следниве комбинации на бои кои сигурно веќе ги поседувате.
1. Маслинеста и боја на коњак
Ако сте љубителки на впечатливите бои, оваа комбинација е идеална за вас. Контрастот помеѓу топлите нијанси на црвената и ладните нијанси на зелената боја воведуваат сосема нов степен на стил во вашиот имиџ.
2. Беж и светлосина
Оваа нежна комбинација совршено изгледа за топлите пролетни и летни денови, особено ако треба да присуствувате на некој дневен настан.
3. Розова и црвена
Ако се сеќавате, порано постоеше строго правило дека овие бои во ниту еден случај не треба да бидат комбинирани. Но, тоа одамна е заборавено, бидејќи токму оваа комбинација на бои е најдобриот начин да привлечете голем број комплименти.
4. Беж и бела
Станува збор за уште една комбинација со беж нијанса која е создадена за топлите, сончеви денови. Без разлика на сезоната, штом забележите сонце, таа е најдобриот избор за вас!
odlicni statii,keep going