6 изговори за невежбање кои не смеете да си ги дозволите

Сподели

Оние кои не се физички активни, а „сакаат“ да бидат, секогаш имаат спремено по неколку одговори на прашањето зошто не вежбаат. Некои од нив навистина можат да бидат издржани, но ако е некој од следните шест, тогаш нема никакво оправдување.

Реклама

rn

Немам време

rnВремето поминато во гледање една епизода од ТВ серија е доволно за вежбање. Секако дека можете да најдете барем половина час секој ден за тоа, и покрај другите обврски. И оние што редовно вежбаат имаат обврски дома, на работа, се гледаат со пријателите, но пак наоѓаат време да го прават она што одлучиле да го прават.

Реклама

Не сум дебел/а, па не морам да вежбам

rnОдлично за вас ако спаѓате во групата која нема проблеми со телесната тежина, но вежбањето го чува здравјето дури и тогаш кога нема потреба од симнување на вишок килограми. Ако го занемарите вашиот организам со ваков изговор, работите набргу може да се сменат.

Немам пари за тренинг и здрава исхрана

rnФакт е дека кај нас ова претставува голем проблем. Но, на крајот на краиштата, не мора да се зачлените во скап фитнес клуб. Можете да трчате секој ден, да правите склекови дома, или да пробате програма од типот на Insanity.

Што се однесува до исхраната, сезонското овошје и зеленчук не се скапи, а можете да заштедите и од буџетот предвиден за пиење висококалорични пијалаци в град.

Реклама

rn

Не ме бива

rnАко не знаете како да почнете со тренинзи, не срамете се да се обратите кај некого кој може да ве упати. На почетокот ќе ви биде тешко, но потоа ќе стекнете самодоверба и повеќе ќе ви се вежба.

Не сакам да водам здрав живот

rnАко уживате во пороците кои се дел од вашиот личен идентитет и сметате дека ве прават поинтересна личност, тогаш имате или наскоро ќе имате сериозни проблеми со здравјето. Ова е изговор кој никако не смеете да си го дозволите. Никогаш не е доцна да го промените овој став.

Морам прво да ослабам

rnИма луѓе кои сметаат дека ако имаат голем вишок килограми не би требало да трчаат или да играат фудбал, барем не додека не ослабат, затоа што ќе им биде премногу тешко. Ова не е никаков изговор. Се слабее со тренирање.rn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Најново

Може ќе ве интересира