Дали во непријатни ситуации ви се потат дланките, срцето ви чука забрзано и ви станува студено? Ова се јасни симптоми кои укажуваат на паничен напад, кој во зависност од ситуацијата може да се јавува почесто. Кога ќе се земат предвид интензивните физички и емоционални промени, воопшто не е лесно да се справите со овие напади. Психолозите предлагаат неколку начини на кои ќе можете да го препознаете паничниот напад, но и да се справите со него.rnrn
rn
1. Дишете правилно
rnНајдобриот начин да ги ублажите непријатните симптоми на паничниот напад е да ја совладате техниката за правилно и длабоко дишење. Кислородот кој ќе стигне до вашиот крвоток ќе ја намали мачнината и ќе го регулира чукањето на срцето. По неколку длабоки вдишувања ќе се чувствувате подобро и посмирено.rn
2. Најдете фокус
rnНајдобриот начин да се справите со паничниот напад е да се фокусирате на нешто што ќе ви го одвлече вниманието од стравот што го чувствувате. Ова може да биде разговор со некој во близина или размислување за некои важни одлуки. Најважно е да се фокусирате на што било, а што не вклучува страв и напнатост. Кога ќе го промените психолошкиот фокус, физиолошките функции ќе се вратат во нормала.rn
3. Опуштете ги мускулите
rnЗа време на интензивниот паничен напад ќе почувствувате нагло грчење на мускулите низ целото тело. Ова ќе направи да се чувствувате уште понепријатно. Фокусирајте се на постепено опуштање на поединечна група мускули. На овој начин ќе ги тргнете и мислите од изворот на паника. Кога ќе се опуштите и психички и физички, ќе почувствувате вистинско олеснување.rnrnПогледнете и која е разликата помеѓу анксиозност и паничен напад.
