Дали жените сакаат секс?

Дали жените сакаат секс?

Според едно истражување во кое учествувале над 1.200 возрасни испитаници, сексот не е само неудобно, туку и болно искуство за голем број жени. Од компанијата Дурекс откриле дека болниот секс е проблем за речиси 73% од сексуално активните жени.

Дали жените сакаат секс?

Околу 1/3 од интервјуираните жени изјавиле дека болката имала лошо влијание на нивното либидо. Една од десет жени заклучила дека ова има лошо влијание и на целокупната врска.

Резултатите покажале и дека дури 9% од жените одглумиле оргазам со партнерот, а 15% од нив го брзале партнерот за да заврши неудобното искуство. Една од најчестите причини за ова била сувоста на вагината, проблем што се појавува кај 20% до 40% од жените на возраст од 17 до 50 години.

Покрај тоа, друга причина била и неудобна поза во сексот. Многу жени го обвинувале партнерот, бидејќи наводно не знаел да ги задоволи.

Според писателката Хана Витон, која воглавно се занимава со сексот и врските, жените мора да бидат искрени во врска со тоа што им се допаѓа, а што не.

„Сексот може да биде неудобен и тоа е сосема нормално. Но важно е да имате доволно самодоверба и да најдете решение кое ќе им одговара на сите.“

Дознајте и колку често жените мислат на секс.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар