5-минутна јапонска масажа за подмладување на лицето

5-минутна јапонска масажа за подмладување на лицето

Наместо да трошите пари на препарати и третмани за подмладување, можете да ја пробате кратката јапонска масажа што ќе ѝ го врати сјајот на вашата кожа. Оваа масажа е позната како „зоган“, што во превод значи „создавање лице“ и има древни јапонски корења.

5-минутна јапонска масажа за подмладување на лицето

Во последните неколку години популарноста на оваа масажа само се зголемува. Таа е едноставна за изведување, лесно се учи, достапна им е на сите и одзема само 5-7 минути. По само две недели секојдневно масирање на лицето, ќе можете да ги забележите и првите позитивни резултати.

Зоган масажата ги намалува брчките, ја затегнува кожата и ја прави еластична и мека. Исто така ги отстранува отоците и подочниците, а може да ви помогне и со проблемот „дупла брада.“

  • Лимфната масажа го активира исфрлањето на токсините, го подобрува дотокот на крв и ве ослободува од вишокот течности.
  • Длабинската масажа на мускулите на лицето ги опушта мускулите и има добро дејство врз кожата и крвните садови на лицето. Таа ги зајакнува и ги затегнува контурите на лицето.
  • Секојдневното масирање ќе ви помогне значително да ја подмладите кожата на лицето и да се ослободите од малите и значително да ги намалите големите брчки.

Пред масажата добро исчистете го лицето, а за време на масажата користете крема или масло. Се разбира, пред да започнете со масажата најдобро е да се консултирате и со професионалец.

На видеото во продолжение погледнете како да ја изведите масажата.

Пробајте ја и оваа масажа за лице со лажица.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар