КАФЕ ПАУЗА

Необично семејство преку неодоливи фотографии ни покажува дека љубовта е најважна

Ова семејство е малку необично, ако ги гледаме вообичаените стандарди. Тоа се состои од младо девојче, нејзините разведени родители и новиот вереник на мајка ѝ. Според една неодамнешна студија, околу 40% од браковите вклучуваат сопружник кој веќе кажал „Да“ барем еднаш во својот живот. Но, тоа што е необично во овој случај, е што сите членови функционираат одлично едни со други. Во една вирална објава на Фејсбук, што била споделена над 136 илјади пати, „бонус таткото“ од Хабард, Тексас – Дилан Ленокс, ја објаснува топлата врска помеѓу сите 4 членови на ова мешано семејство и ве убедува дека сè може да функционира, ако има желба од сите страни.rnrn rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnНашата ќерка Вилоу. Ти никогаш нема да знаеш колку твојата љубов нè смени сите. Мажот од лево сум јас (тато, тато Дилан или бонус тато), во средината е секако нашата принцеза Вилоу и мажот од десното е Давид (тато, тато Давид или биолошкиот тато). Не, ние не сме истополов пар, но делиме ќерка. Давид е бившиот маж на Сара, а јас сум ѝ новиот вереник. Ние се обликувавме себеси во уникатно семејство, за нашите деца да ја дознаат моќта на љубовта. Не само што добив ќерка, туку добив и брат и најдобар пријател. Ти благодара Сара, што дозволи ова да се случи.rnrnКога се грижиме повеќе за нашите деца (на двете страни од групата) отколку што општеството нè научило, тогаш ѕидовите паѓаат и животот ќе биде без омраза или каење и нашите деца ќе ги срушат „будалестите“ норми што медиумите ни ги наметнуваат. Тој престојува во вашиот дом кога доаѓа на посета, бидејќи семејството е секогаш добредојдено кај нас. Тој не е аутсајдер, тој е и засекогаш ќе биде дел од мојот живот поради едноставниот факт дека ја делиме истата ќерка. Секако, ниту еден ваков момент не би можел да постои без Сара (мама) и нејзиното дарежливо срце! Вилоу Грејс, ти си сакана од многу луѓе на овој свет и твоите татковци те сакаат!rnrnП.С. Давид е сингл!rnrn[/message_box]rnrn