Едно истражување покажало дека кај повеќето луѓе, краткотрајното држење диета всушност не води до подобрување на здравјето и телесната тежина. Покрај тоа се покажало и дека држењето диета може да биде и штетно. Затоа, за да ја контролирате вашата тежина и да го зачувате здравјето, најдобро е да промените неколку навики во вашата исхрана. Погледнете за кои станува збор.rn
1. Јадете бавно и добро џвакајте ја храната
rn
rnrnЕдно истражување покажало дека луѓето кои јадат брзо, побрзо се здебелуваат за разлика од оние кои јадат побавно. Јадењето бавно и доброто џвакање ќе направи да се чувствувате сити, дури и ако сте изеле помалку. За најлесно да го забавите јадењето, почнете да броите колку пати го џвакате секое залче. Потоа постепено зголемувајте го бројот доколку сакате да јадете побавно.rn
2. Редовно пијте вода
rn
rnrnПиењето вода е клучно за одржување на здравјето. Пиењето чаша вода пред оброк ќе ви помогне во слабеењето бидејќи ќе направи да се чувствувате сити. Едно истражување покажало дека луѓето кои пиеле половина литар вода 30 минути пред оброк изеле помалку од вообичаено.rn
3. Послужувајте ја нездравата храна во црвени чинии
rn
rnrnМожеби изгледа чудно, но еден експеримент покажал дека луѓето пиеле помалку од чаши со црвена боја и јаделе помалку од чинии со истата боја. Најверојатно причината за ова е тоа што црвената боја ја гледаме како суптилен сигнал за прекинување.rn
4. Избегнувајте засладени пијалаци
rn
rnrnДодадениот шеќер е најголемата причина за многу здравствени проблеми – од дијабетес и дебелина, па сè до болести на срцето. Само една лименка газиран пијалак има околу 52 грама шеќер, додека препорачаната дневна доза за мажи е 37,5 грама, а за жени 25. Наместо овие пијалаци, одберете чај, кафе или свежо цеден сок.rn
5. Јадете без да ви се одвлекува вниманието
rn
rnrnДоколку обрнувате внимание на јадењето без да гледате телевизија или слично, ќе изедете помалку и ќе внесете помалку калории. Исто така ќе бидете посвесни за храната што ја јадете кога нема да ви се одвлекува вниманието од опкружувањето. Неколку истражувања покажале дека луѓето кои гледале нешто додека јаделе консумирале околу 10% повеќе храна од вообичаено.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
