Дали сте ја започнале новата година со одлука да трчате повеќе или да вежбате секој ден, но една недела подоцна целиот план ви паднал во вода? Доколку се препознавте, имаме добри веси за вас – можете да се вратите во форма со едноставни и секојдневни навики за движење. Придобивките од едноставните нешта како качувањето скали и пешачењето се дури и подобри за вас отколку што сте мислеле.rnrn
rnrnСпоред едно ново истражување, активностите како качувањето скали се поврзани со подобрувањето на способноста на телото да го разнесе кислородот каде што треба за време на физичка активност. Истражувачите ги разгледувале ефектите на овие едноставни физички активности врз „најголемото навлегување на кислород“, односно најголемото количество воздух што може да го прими телото додека изведувате тешка физичка активност.rnrnИстражувачите собрале група од 24 здрави, но неактивни студенти и ги натерале брзо да искачуваат 60 скалила, 3 пати дневно, барем 3 пати во текот на неделата. Требало да ја извршуваат активноста на секои 1 до 4 часа. Испитаниците го правеле ова 6 недели.rnrnПотоа истражувачите го споредиле најголемото навлегување на кислород на испитаниците со она на контролна група волонтери, кои во текот на 6-те недели останале неактивни. Иако навлегувањето на кислород кај испитаниците било опишано како умерено, се покажало дека овие мали вежби навистина ја подобриле способноста на телото за разнесување кислород.rnrnОва значи дека вашето вежбање не мора да биде само во теретана или цел час возење велосипед. Можете да го вметнете вежбањето во вашето секојдневие. На пример, можете пеш да изодите до омилената кафетерија наместо да фаќате автобус или да одите со автомобил. Исто така секогаш можете да ги одберете скалите наместо лифтот.rnrnКачувањето скали не е добро само за вашите дробови и срце. Според едно друго истражување, постои поврзаност помеѓу бројот на скали што ќе ги искачи личноста и „младоста“ на нејзиниот мозок. Истражувачите од Универзитетот Конкордија во Канада ги разгледувале мозоците на 331 здрава личност на возраст од 19 до 79 години. Испитаниците споделиле и детали за нивното образование и колку често се физички активни. Воглавно, истражувачите заклучиле дека колку повеќе скали искачиле испитаниците, толку пообразовани биле и толку помлад им бил мозокот.rnrnПробајте го и овој интензивен тренинг по скали за фантастично тело.
Качувањето скали е многу подобро за вас отколку што мислите
