КАФЕ ПАУЗА

Интензивен тренинг по скали за фантастично тело

Интензивен тренинг по скали за фантастично тело

Постојат голем број изговори и причини зошто сè уште не сме почнале редовно да вежбаме. Но, доколку погледнеме реално, ниту една од тие причини не е вистинска и само се лажеме себеси. Најчестите изговори се немањето време и простор, па затоа овој пат ви го препорачуваме вежбањето на скали.rnrnИнтензивен тренинг по скали за фантастично телоrnrnКачувањето по скали ги раздвижува мускулите на долниот дел од телото, па затоа е одличен особено за женскиот пол. Ова е пример за еден комбиниран тренинг:rnrn1. Загревање, барем 5 минути. Вежби за размрдување и бавно качување по скалите.rnrn2. Качување на секоја втора скала. Направте 4 серии по 20 чекори со двете нозе.rnrn3. Скокови со двете нозе на секоја скала, со чучнување. Направете 4 серии по 15 скока.rnrn4. Брзо искачување на скалите со бавно спуштање назад. Направте 4 серии по 50 чекори со двете нозе.rnrn5. Скокови на секоја втора скала. Направете 4 серии по 10 скока.rnrn6. Брзо качување и брзо спуштање. Направете 4 серии.rnrn7. Истегнување, околу 5 минути.rnrnМетодот на вежбање е кружен, што значи дека ги повторувате сите вежби по ред, 4 пати. Овој тренинг ќе ви одземе околу 30 минути дневно, а можете да го правите во вашата куќа или во влезот на вашата зграда.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.