Благодарение на трудот на заедницата, изморените планинари кои шетаат низ арктичкиот терен на северна Норвешка ќе имаат ново место за одмор. Во Хамерфест се наоѓа мала кабина која наликува на желка сместена на грубиот терен. Во овој мал простор има печка на дрва, место за седење и неверојатен поглед кон пејсажот околу колибата.rnrn
rnrnКабината е дизајнирана за да се вклопи со опкружувањето. Овој ефект бил постигнат со многу истражување, вклучувајќи ја и употребата на дрон и софтвер со кој се направила 3Д мапа на местото. Надворешниот дел на колибата е направен од 77 дрвени парчиња кои се вклопуваат како сложувалка. Засега е направена една кабина, а втората ќе биде конструирана на другиот крај од градот.rnrnФирмата што ја направила кабината, SPINN Arkitekter, се соочила со многу предизвици. Тие требало да изградат структура која ќе ги издржи арктичките температури и ветрови. Последниот дизајн бил тестиран во симулирана бура за дизајнерите да се осигурат дека градбата ќе издржи. Втората пречка бил буџетот. Бидејќи трошоците испаднале поголеми од она што можеле да си го дозволат, дизајнерите морале да размислуваат навистина креативно. Фирмата направила кампања за донации, а волонтирале и локалните бизниси.rnrn
rnrnКабината била делумно изградена во магацин, а потоа пренесена на конечната локација. Била потребна цела група волонтери кои работеле 4 дена за да се склопи основната структура. Друга група ги сечела надворешните панели според прецизни инструкции од фирмата.rnrnОсвен ставањето на темелот и додавањето на водоотпорниот слој, целата конструкција била направена од волонтери. Заедно, тие поминале 1.500 работни часа за да ја направат совршената оаза за планинарите. Големиот успех од првата конструкција значи дека наскоро ќе се почне со работа и на втората.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnСигурно ќе ви се допадне и оваа еколошка стаклена куќа што се камуфлира во опкружувањето.
Кабина за планинари во Норвешка која е склопена како 3Д сложувалка
