Што всушност му прави грипот на вашето тело?

Што всушност му прави грипот на вашето тело?

Сезоната на грип е овде и време е да се подготвите за неа. Но дали знаете што всушност се случува со вашиот организам кога во него ќе влезе вирусот на грип? Во повеќето случаи, организмот се убива самиот додека се обидува да се излекува.

Што всушност му прави грипот на вашето тело?

„Умирањето од грип не е како од куршум или убод од црна вдовица. Самото присуство на грипот не е доволно за да ве убие. Инфективната болест секогаш е во сложена врска со домаќинот“, изјавил Амеш Адалија, инфектолог од здравствениот центар Џонс Хопкинс.

Големата маса клетки предизвикува силна реакција на имунолошкиот систем кој пак почнува да испраќа бели крвни зрнца, или антитела, со цел да ја отстрани опасноста. Таканаречените Т-клетки, одбранбениот систем на нашиот имунитетот, го напаѓаат и го уништуваат ткивото заразено со вирусот. Особено го напаѓаат ткивото на органите за дишење бидејќи вирусот обично се задржува таму.

Кај повеќето здрави луѓе овој процес е ефикасен, така што организмот заздравува за неколку денови или недели.

Но, понекогаш реакцијата на имунолошкиот систем е пресилна. На овој начин се уништува толку многу ткиво од белите дробови, што во крвта не доаѓа доволно кислород. Ова може да предизвика смрт.

Како што истакнуваат лекарите, понекогаш силната и потенцијално смртоносна имунолошка реакција не е предизвикана од вирусот на грип, туку од секундарна инфекција која се појавила поради болеста.

Погледнете и како да разликувате настинка од грип.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар