5 сигнали од говорот на телото коишто е лесно да ги испуштите

5 сигнали од говорот на телото коишто е лесно да ги испуштите

Истражувањата покажуваат дека поголемиот дел од информациите што ги примаме за време на разговорите се невербални. Всушност, дури 55% од целата комуникација е преку говорот на телото. Токму затоа и речиси секој од нас треба да поработи на толкувањето на сигналите од говорот на телото.

5 сигнали од говорот на телото коишто е лесно да ги испуштите

Толкувањето на овие сигнали на некој начин ви дава моќ да ги прочитате туѓите мисли. Постојат многу сигнали што ги испраќаме со помош на телото, но некои се забележуваат полесно. Во продолжение погледнете ги петте сигнали кои би требало да ги знаете, но е лесно да ги испуштите.

1. Кренати веѓи: Знак за страв, загриженост, изненадување или лажење

Луѓето ги креваат веѓите само поради три причини – страв, грижа и изненадување. Ако вашиот соговорник го прави ова, најверојатно чувствува една од овие емоции. Но понекогаш луѓето ги креваат веѓите и кога не се искрени. Важно е да го знаете ова бидејќи кревањето на веѓите често може да ви изгледа како личноста да е заинтересирана за она што го зборувате. Можеби само овој сигнал нема да ви помогне многу, но во комбинација со другите можете да откриете дали соговорникот е искрен кон вас.

2. Претерано кимање со главата: Загриженост дека се сомневате во способноста на соговорникот

Ако сте биле или сте на авторитетна положба, можеби често го забележувате ова однесување. Кимањето со главата е знак дека соговорникот е премногу загрижен за она што го мислите за него и дали верувате или се сомневате во неговата способност.

3. Копирање: Создавање врска

Додека првите сигнали беа негативни, овој е целосно позитивен. Дали ви се случило да седите со личност која ги копирала сите ваши движења? Ова е знак дека соговорникот чувствува позитивна поврзаност кон вас. На некој начин потсвесно се обидува да се синхронизира со вас. Обрнете внимание на овој знак бидејќи така ќе знаете дали можете да го направите следниот чекор.

4. Држење на телото: Ниво на самодоверба

Држењето на телото е еден од најсилните сигнали во секоја комуникација. Ова најчесто е поврзано со самодовербата и покажува како се чувствува соговорникот за себе во споредба со вас. Доколку личноста влезе во просторија подгрбавена или со погледот кон земјата, тоа значи дека има ниска самодоверба. Истото важи и доколку седи подгрбавено и ги поставува рацете на нозете.

Но кога личноста седи исправено, се навалува наназад, ги истегнува нозете или се „шири“ на кој било начин, тогаш покажува голема самодоверба. Најлесно да запомните е дека „собирањето“ значи ниска самодоверба, а „ширењето“ висока самодоверба.

5. Згрчени очни капаци: Лажна насмевка

Повеќето луѓе знаат дека кога соговорникот го движи погледот и го избегнува нивниот, значи дека најверојатно крие нешто. Но поради ова сознание, луѓето кои ве лажат можат да гледаат во вашите очи така што нема да можете да откриете дека станува збор за лага.

Но, доколку обрнете внимание на насмевката на соговорникот, особено на делот околу очите можете да откриете за што станува збор. Често луѓето кријат нешта зад насмевка, без разлика дали е грижа, болка или лоша намера. Но навистина е лесно да ја препознаете лажната насмевка. Кога личноста вистински се насмевнува се појавуваат мали брчки на крајот од очните капаци. Од друга страна пак, кога некој се насмевнува лажно, се фокусира само на усните и не сфаќа дека во вистинската насмевка учествува целото лице. Па ако насмевнатиот соговорник нема брчки околу очите, насмевката најверојатно е лажна.

Погледнете и кои се навиките во однесувањето што морате да ги промените.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар