Говорот на телото, исто како и зборувањето, е важен дел од секојдневната комуникација. Затоа, важно е да ги препознаеме лошите навики поврзани со пораките кои нашето тело ги испраќа кон соговорниците и истите да ги промениме.rnrn
rnrnВашиот изглед додека нешто зборувате, изразите на лицето, положбата на рацете, поднаведнувањето на грбот… сето ова влијае на вкупниот впечаток како другите ќе ве перципираат и колку сериозно ќе ве сфатат.rnrnНекои навики и движења се толку влезени во рутина, што не ги ни забележуваме, ниту сме свесни дека ги правиме, но можат да бидат огромна грешка кога е во прашање говорот на телото. Во продолжение прочитајте како да ги препознаете овие навики и како истите да ги промените…rn
1. Ситни движења и гестикулации со рацете и стапалата
rnАко ви влегло во навика да ги испреплетувате прстите, да ги триете едни од други или пак да тапкате со стапалото додека разговарате, на овој начин на соговорникот му презентирате нервоза и чувство на пониска моќ.rn
2. Играње со косата
rnЧесто кога е стресот во прашање, посегнуваме по прамен коса и го истегнуваме и вртиме околу прсти. Тоа може да го дефокусира соговорникот, но и да ја оштети косата. Обидете се да се ослободите од стресот на друг начин.rn
3. Заземање одбранбен став
rnМногу луѓе инстинктивно ги прекрстуваат рацете или се наведнуваат над соговорникот. Оваа положба изгледа несигурно и одбранбено и воопшто не ве прави доверливи. Наместо тоа, користете ги рацете за гестикулација. Исто така, не кријте ги зад грб, бидејќи тоа го прави соговорникот сомничав.rnrn
rn
4. Премногу движења со рацете
rnДвижењата на рацете и главата доаѓаат инстинктивно кога точно знаете што сакате да постигнете, но не и кога треба да се одглуми некој говор или став. Поради тоа, не ги применувајте сите совети што ги наоѓате во статии и видеа кои треба да помогнат за поефективен говор на телото, бидејќи ако изгледаат како кореографија, ќе го имаат токму спротивниот ефект.rn
5. Несигурно одење со влечкање
rnНачинот на кој одиме по улица нè прави потенцијална мета на криминалци. Статистички, крадците и напаѓачите се повлекуваат ако личноста се движи со константен чекор, исправено и сигурно. Затоа, движете се сигурно и рамномерно, наместо да се влечкате, како на улица, така и низ животот.rn
6. Израз без насмевка
rnНасмевката покажува самодоверба, пристапност и енергичност. Таа е како огледало на она што се случува во нашата душа. Кога треба да покажете авторитет, подобро насмевнете се, наместо лицето цело време да ви е згрчено во еден израз.rn
7. Дефокусирање и намалена концентрација
rnКога разговараме со некого, правилно е да сме фокусирани на разговорот, наместо на звуците и случките наоколу. Некои луѓе лесно се деконцентрираат, но секое вртење по нешто друго, особено за време на разговор, покажува непочитување и незаинтересираност.rnrn
rn
8. Наведнување и искривување на телото
rnСтоењето (и седењето) исправени веќе завршува голем дел од впечатокот кој го оставаме кај другите. Иако да се биде искривен или легнат на работното биро е многу полесна положба отколку седењето исправени, тоа може да остави впечаток на намалена самодоверба, но и да донесе здравствени проблеми во иднина.rn
9. Погрешен контакт со очите
rnКонтактот „очи во очи“ со соговорникот треба да биде умерен и стабилен. Голема грешка е ако е премногу агресивен и упорен, но исто така не смее да биде и блед, како да гледаме низ соговорникот. Првото покажува несигурност, но решителност да се наметне став, додека второто е знак на незаинтересираност.rn
10. Да бидете здрвени за време на разговорот
rnКога нешто сакате да го работите по однапред смислено сценарио, многу е веројатно дека нема да се одвива природно и дека ќе вклучува многу глума. Во обид да не се погреши, луѓето го вкочануваат телото и речиси и не мрдаат за време на разговорот, особено ако се работи за интервју за работа, каде често е присутна и тремата.rn
11. Некоординирана вербална и невербална комуникација
rnОваа точка може да произлезе како заклучок на претходните, односно ако однесувањето што го манифестираме не е во координација со зборовите што ги кажуваме, вкупниот впечаток може да биде дека или кажаното не е вистина или дека недостасува самодоверба кај говорникот.rnrnОвие навики можат да влијаат во многу ситуации, почнувајќи од најобичен разговор со пријател, па сè до многу посериозни настани како што се состаноци или интервјуа, но и воспитување деца. Поради тоа, говорот на телото никогаш не смее да биде планиран и однапред смислуван, за да се избегне оддавање впечаток на несигурна и нервозна личност.rnrnДоколку пак, сте на другата страна и треба да го процените соговорникот, прочитајте ги и 4-те начини на кои можеби погрешно го толкувате говорот на телото.
