Врвно дизајнирани амбалажи на продукти

Врвно дизајнирани амбалажи на продукти

Психологијата на човечкиот ум, секогаш нè тера да го одбираме продуктот кој има најинтересна и најкреативна амбалажа. Па така, попрво би одбрале некој полош продукт бидејќи има интересна амбалажа, отколку лошо спакуван, со многу подобар квалитет.

Ова се примери за оригинално замислени амбалажи на продукти, кои сигурно успеале да им донесат многу добар профит на компаниите.

1. Јапонско колаче

21 врвно дизајнирани амбалажи на продукти

2. Слушалки „Нота“

21 врвно дизајнирани амбалажи на продукти

Одлично спакуван продукт, кој ја отсликува фирмата која ги произведува. Забавно прикажаниот продукт со сигурност ќе му падне во очи на секој заинтересиран купувач.

3. Шпагети „Њујорк“

21 врвно дизајнирани амбалажи на продукти

Оригинална идеја на дизајнерот Алекс Кремер, кој со помош на шпагетите претставува еден од најпрепознатливите облакодери во светот „Емпаер Стејт Билдинг“.

4. Природен кујнски прибор

21 врвно дизајнирани амбалажи на продукти

„Scanwood“ е најголемиот дански производител на кујнски прибор од дрво. Тие своите производи ги пласираат на пазарите ширум Европа и на Блискиот Исток. Преку овој дизајн, на нивната амбалажа тие сакаат да прикажат дека нивните продукти се направени од природни материјали и се направени преку процес кој не ја загрозува природата.

5. Отмено месо

21 врвно дизајнирани амбалажи на продукти

Вратоврската-пеперутка на дизајнот на „Parkinson“ ја претставува отменоста и високата класа на Англичаните.

6. Мед на познатиот производител „Klein Constantia“

21 врвно дизајнирани амбалажи на продукти

Белата кутија претставува сандак за чување пчели. Од напред го има златното лого на компанијата, а може да се забележат и „шајките“ и „штиците“ од кои е направен сандакот. Кога ќе ја отворите кутијата, однатре паѓаат мали пчели направени од хартија, кои ги има и на внатрешниот дизајн на кутијата.

7. Овошното пакување на „Смирноф“

21 врвно дизајнирани амбалажи на продукти

Потсетете се на овој интересен дизајн.

8. Брзо овошје

21 врвно дизајнирани амбалажи на продукти21 врвно дизајнирани амбалажи на продукти

Дизајн кој претставува вистинска овошка пресечена на половина. Едноставниот дизајн е надополнет со интересно лого, за кое е искористена буквата „Q“.

9. Путер со ноже

21 врвно дизајнирани амбалажи на продукти

Феноменална замисла која воедно е и многу корисна и практична, бидејќи во многу ситуации може да се случи да не ни се наоѓа прибор при рака, па ова малечко ноже кое е составен дел од амбалажата може да заврши голема работа.

10. Секси кибрит

21 врвно дизајнирани амбалажи на продукти21 врвно дизајнирани амбалажи на продукти

11. Чаша вино

21 врвно дизајнирани амбалажи на продукти

Дизајнерите смислиле нов начин на пакување на виното. Оваа чаша е наречена „лале“ е направена од пластика, а преку неа со едноставно отстранување на заштитната фолија, виното веднаш може да биде послужено. Амбалажата овозможува виното да остане со врвен квалитет една година.

12. Гуми за џвакање

21 врвно дизајнирани амбалажи на продукти

13. Оригинален албум

21 врвно дизајнирани амбалажи на продукти21 врвно дизајнирани амбалажи на продукти

Дизајнот на ова це-де е нарачан од литванскиот бенд „SHIDLAS“ за нивниот албум наречен „Saliami Postmodern“. Неговиот омот е вакумиран и изгледа како да треба да го купите од месарница.

14. Апчиња за варење тешка храна

21 врвно дизајнирани амбалажи на продукти

Целта на овие апчиња е на купувачите да им докаже дека помагаат при варењето на тешката храна.

15. Енергетски пијалак

21 врвно дизајнирани амбалажи на продукти

Шишето во форма на сијалица ја симболизира енергијата која таа ја пренесува, исто како што пијалакот ќе дејствува врз вас.

16. Овесен појадок

21 врвно дизајнирани амбалажи на продукти21 врвно дизајнирани амбалажи на продукти

Пакување кое овозможува брзо истурање на овесните снегулки во чинија. Во него има доволна количина на овесни снегулки, шеќер и малку сол. Идејата на слоганот „BREAK FAST“ е да има двојно значење и да ја претставува брзата подготовка на оброкот, а преку спојување на двата збора да се добие зборот „појадок“ на англиски.

17. Овошни шамичиња

21 врвно дизајнирани амбалажи на продукти

18. Чајче со бродче

21 врвно дизајнирани амбалажи на продукти21 врвно дизајнирани амбалажи на продукти

Овој дизајн е создаден за да се избегне несаканото пропаѓање на целата кесичка со сè кончето на дното од шолјата. Вака бродчето ќе плови на површината, а вие во секој момент ќе можете да го извлечете неговото „сидро“.

19. Кеси за патики

21 врвно дизајнирани амбалажи на продукти

20. Инвентивни маички

21 врвно дизајнирани амбалажи на продукти21 врвно дизајнирани амбалажи на продукти21 врвно дизајнирани амбалажи на продукти

Пакувањето на овие маички ја симболизира вистинската амбалажа на продуктот претставен на нив.

21. Форд на кибрит

21 врвно дизајнирани амбалажи на продукти

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. anna Reply

    super mnogu privlecno , modernizirano i sovremeno.

Остави коментар