Зошто кучињата почнуваат да завиваат кога ќе чујат музика?

Зошто кучињата почнуваат да завиваат кога ќе чујат музика?

Некои кучиња веднаш штом слушнат музика почнуваат да завиваат, притоа обидувајќи се да го имитираат пеењето или самиот звук на музиката. Иако можеби ви делува како тие навистина да се обидуваат да пеат, сепак причината поради којашто го прават ова е сосема друга.

Најпрво, кучешкото завивање на музика е начин на комуникација. Музиката може да ги асоцира на завивањето на други кучиња, поради што и тие самите се обидуваат да одговорат со истиот тон. Ако некогаш сте чуле како изгледа „верижното“ завивање, кога едно куче ќе почне, и ќе му се придружат сите останати во близина, тогаш веќе знаете како тие комуницираат.

Од друга страна пак, причината поради која кучињата завиваат на музика може да се пронајде и во далечната историја, кога тие живееле настрана од човештвото и како денешните волци. Волците во дивината комуницираат меѓусебно токму со завивање и го користат малку поинаку овој метод на комуникација од кучињата.

Со оглед на тоа што високата фреквенција може да се чуе на голема оддалеченост, со завивањето волците ја откриваат својата положба – како еден вид GPS. Па, ако глутницата е разделена, со завивањето тие повторно можат да се соберат на едно место. Кучињата ја регистрираат оваа висока фреквенција и во музиката, па токму затоа и најверојатносе обидуваат да реагираат на истиот начин како што реагирале нивните предци во минатото.

А дали знаете зошто вашето куче е посреќно од вас?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар