7 изненадувачки нешта што влијаат на средбата со вашата сродна душа
Кога сите околу вас се во сериозни врски или стапуваат во брак, нормално е да се прашувате кога и како ќе се појави и вашиот животен партнер. Иако нема начин да ја предвидите иднината, сепак постојат неколку работи кои ќе ви помогнат во потрагата. Доколку сакате да ја сретнете вашата сродна душа, можеби најдобро е да почнете да размислувате за работите кои имаат влијание на таа средба. Според експертите, следниве нешта можат да одредат кога ќе ја сретнете вашата сродна душа.
1. Дали сте среќни сами?
Колку и да ве изненадува ова, вистина е дека вистинската личност ќе се појави кога всушност не ви е потребна. Важен фактор што одредува кога ќе ја сретнете сродната душа е врската што ја имате со себе. Ако не се грижите за себе, нема да можете да изградите здрава врска ни со некој друг, други ни со вашата сродна душа. Па штом ќе можете да се прифатите сами и онакви какви што сте, ќе станете отворени кон потенцијалните животни партнери.
2. Дали живеете во голем град?
Некои од нештата што влијаат на средбата со сродната душа се попрактични, како на пример, вашето место на живеење. Живеењето и одењето на состаноци во голем град е многу поразлично од она во мал град. Во големиот град имате поголеми шанси да запознаете нови луѓе, во кои може да спаѓа и вашата сродна душа.
3. Дали сте со отворен ум?
Иако е важно да бидете доволно зрели пред да ја сретнете вашата сродна душа, можно е да се движите во сосема погрешна насока додека ја барате. Потребно е да имате поотворен ум пред да ја сретнете сродната душа. Повеќето луѓе стануваат пребирливи кога го бараат животниот партнер. Важно е да се држите до вашите основни вредности, но понекогаш треба да пробате и нешто ново. Па на потенцијалните партнери пријдете им се отворен ум.
4. Дали имате добри пријатели?
Иако можеби нема да се вљубите во личност којашто веќе ја познавате, вашиот социјален круг може да одреди колку брзо ќе ја сретнете сродната душа. Истражувањата покажуваат дека повеќето луѓе ги наоѓаат нивните животни партнери преку пријатели. Па, групата добри пријатели секако ќе влијае на средбата со сродната душа.
5. Дали претерувате со работење?
Друг практичен фактор што влијае на вашата средба со сродната душа се часовите што ги поминувате во работа. Иако е добро работата да ви стане приоритет, периодот кога ѝ се посветувате само на неа нема да биде периодот кога ќе оформите долготрајна љубовна врска. Ова е особено вистина доколку работите прекумерно. Ако целиот ден го поминувате во канцеларија, драстично ви се намалуваат шансите да сретнете некоја нова личност, вклучувајќи ја и вашата сродна душа. Па затоа фокусирајте се на рамнотежата помеѓу професионалниот и приватниот живот.
6. Дали сте се соочиле со некаква траума во вашето детство?
Можеби ова ќе ве изненади, но нешто што се случило во вашето детство може да влијае на вашиот љубовен живот. Всушност, ова се случува многу често. Се разбира, траумите од детството не значат дека не заслужувате љубов, туку едноставно треба да поработите на овие проблеми пред да го најдете животниот партнер. Кога ги потиснувате проблемите и траумите од детството, ги создавате истите шеми и динамики во вашите врски. Не плашете се и не срамете се да побарате помош доколку се соочувате со ваков проблем.
7. Дали сакате сè да се одвива според вашиот распоред
Ако сте направиле распоред за тоа кога треба да ја сретнете сродната душа, само си ја отежнувате ситуацијата. Ова размислување може да ве натера да се помирите со врска која воопшто не е за вас. Немојте да си создавате притисок да се венчате до 30-тата, да имате деца до 28-та или да ја најдете сродната душа до 25-тата година. Ова нема да ѝ дозволи на љубовта да се движи по нејзиниот природен пат. Посветувањето на овие понекогаш нереални цели само не ви дозволува да бидете отворени и да ги истражите сите ваши опции.
Многу од овие фактори влијаат на наоѓањето на сродната душа. Воглавно експертите сметаат дека најверојатно ќе ја сретнете сродната душа кога сте најсреќни и кога ви е најудобно во вашата кожа и во вашето опкружување. Заслужувате љубов, но заслужувате да бидете задоволни и од личноста којашто сте додека сте сингл.
Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашата сродна душа наскоро ќе се појави во вашиот живот.